fbpx

ЈЕМЕН: Убиени седум припадници на Ал Каеда

-

Седум припадници на Ал Каеда, меѓу кои и жени, загинаа при нападите на американските беспилотни летала во Јемен, соопшти јеменското министерство за одбрана.

Мета на нападите, според племенските извори, биле неколку припадници на Ал Каеда кои се собирале „под група дрва“ во близина на Азана, покраината Шабви. Истиот извор потврди дека седум припадници се убиени.

Министерството за одбрана соопшти дека жената е убиена во моментот кога се обидувала да изврши напад со автомобил.

На истото подрачје, во текот на ноќта, извршени се уште два напади со беспилотни летала, а племенските извори не наведуваат дали има мртви или ранети.

Официјален Вашингтон, кој ја стави организацијата „Чуварите на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров“ на листата на меѓународни терористички организации, неодамна понуди награда од 45 милиони долари за тој што ќе помогне да се фатат осумте лидери на вооружената исламистичка група, меѓу кои е и Јеменецот Насер ал Вахиши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...