fbpx

Романскиот премиер си поднесе оставка поради пожарот во ноќниот клуб

-

Романскиот премиер, Виктор Понта, си поднесе оставка на функцијата еден ден по масовните протести поради пожарот што во петокот минатата недела избувна во ноќен клуб во Букурешт, јави „Би-Би-Си“.

Во пожарот, во ноќниот клуб „Колектив“, животите ги загубија повеќе од 30 лица, а повеќе од 130 луѓе сè уште се наоѓаат на болничко лекување, од кои најголем дел се во критична и во сериозна состојба.

Претходно, директорката на јавниот сервис на Романија, Ирина Раду, си поднесе оставка затоа што телевизијата со часови доцнела во известувањето за несреќата во ноќниот клуб, додека многу приватни телевизии за пожарот известувале од минута во минута.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обвинителството бара притвор за осомничениот за двојното убиство во Стајковци

Основното јавно обвинителство Скопје доставило предлог за определување мерка притвор за лицето осомничено дека ги сторило кривичните дела – убиство во скопско Стајковци претходно неделава. Против лицето беше поведена истражна...