fbpx

Стапи на сила договорот за иранската нуклеарна програма

-

Меѓународниот договор околу иранската нуклеарна програма, кој на 14 јули оваа година, во Виена, го постигнаа Иран и групата пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН (Кина, Русија, САД, Франција и Велика Британија) плус Германија, од денеска стапува на сила.

Со усвојувањето на договорот, сега сите инволвирани земји треба да почнат со реализација на преземените обврски.

Според договорот, пренесува „Раша тудеј“, Иран треба да се ослободи со своите резерви на средно збогатен ураниум, да ги намали резервите со ниско збогатен ураниум за 98 отсто и да го редуцира за две третини бројот на центрифуги во наредните 15 години.

Од друга страна, во согласност со договореното, за возврат Соединетите американски држави (САД), Европската унија (ЕУ) и Советот за безбедност на Обединетите нации треба да ги ублажат санкциите кон Иран.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...