fbpx

Промовирана најголемата „Православна енциклопедија“ на Руската православна црква

-

Во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, денеска во Охрид беше промовирано капиталното издание „Православна енциклопедија“, во издание на Руската православна црква.

Досега се подготвени 38 тома, а набргу следуваат и обработката под буквата „м“, односно под буквата „о“, томови во кои посебно место ќе имаат Македонија, МПЦ, Охридската архиепископија и Охрид.

Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г.Стефан, нагласи дека во ова грандиозно дело ќе бидат поместени и статии за Македонија, Охрид и за Македонската православна црква со што, како што рече, нашата црква ќе биде блиску до другите православни христијански цркви.

– Презентацијата на енциклопедијата е голем историски настан, кој ќе ѝ даде нови импулси на соработката помеѓу Руската Федерација и Република Македонија, меѓу Руската православна црква и Македонската православна црква-Охридска архиепископија. Слушнавме дека 38 тома се подготвени досега, а набргу ќе бидат подготвени и обработката под буквата „м“, а потоа и под буквата „о“, томови во кои посебно место ќе имаат Македонија, МПЦ, Охридската ерхиепископија и Охрид, нешто што ќе го потврди и вековното пријателство и врските помеѓу рускиот и македонскиот православен народ и, секако, нешто што ќе ја прикаже вистината за црквата во Македонија, нејзините корени, животот во овие 20 христијански векови и, секако, свое место ќе најде и актуелниот живот и статус на Македонската православна црква – истакна г.г. Стефан.

Во изработката на енциклопедијата ќе се вклучат и македонски истражувачи. Одлуката, како што беше соопштено, била донесена токму денеска во Охрид, за време на презентацијата.

Редактор ќе биде ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, проф. д-р Велимир Стојковски.

Директорот на проектот „Православна енциклопедија“, Сергеј Леонидович Кравец, посочи дека гостувајќи во Македонија, целосно разбрал зошто изворите на православието на Русија се поврзани со оваа убавина овде.

– Во Русија се чувствуваат врските помеѓу нашите две држави и фактот што „Православната енциклопедија“ е донесена во Охрид и во Македонија е многу важен, особено зашто таа нема да стане само дел од библиотеката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, туку и основа за нашата идна и плодна соработка – рече Кравец.

Според него, засега се планирани сто статии за Македонија, но, како што појасни, тој план не е конечен и може да се промени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...