fbpx

Кучиња скитници ги напаѓаат туристите на Попова Шапка

-

Шеесет и едногодишна туристка од Словенија, вчера на Попова Шапка била нападната од кучиња скитници, информираат од тетовската полиција. Најпрвин кон туристката, додека се шетала низ падинините на Шар Планина, се упатила поголема група на кучиња. Во еден момент, едно куче се издвоило од групата и ја каснало словенката за задникот, а потоа и за левата рака. Случаен минувач ја разбркал глутницата и ја спасил нападнатата, која со возило била пренесена во Клиничката болница во Тетово. По укажаната помош пуштена е на домашно лекување.

Туристите на Попова Шапка со години се жалат на напади од кучиња скитници. Најчесто ваквите незгрижени животни ги има околу викенд населбата на Попова Шапка, каде се хранат со остатоци од храна фрлена во контејнерите. Сопствениците на викендичките велат дека бројката на бездомни кучиња постојано се зголемува. Тврдат дека животните во вечерните часови, пред влезот на Попова Шапка ги истовараат со комбиња.

Надлежни за одржување на туристичкиот центар е Општина Тетово. Но досега властите и покрај најавите, не презеле никави мерки за згрижување на кучињата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Европската комисија исплати 50 милиони евра финансиска помош за Северна Македонија

Европската Комисија оваа недела одобри заем во износ од 50 милиони евра за Северна Македонија. Ова е прва транша од тековната програма за макрофинансиска помош (МФП) за земјата. Помошта обезбедува...