fbpx

Милитанти на ИД го уништиле храмот Балшамин во Палмира

-

Милитанти на Исламска држава (ИД) го срушиле храмот Балшамин во античкиот град Палмира во Сирија, кој е дел од светското културно наследство и е на листата на УНЕСКО, соопштиле властите и активистите во Сирија.

Според сириските власти, милитантите на ИД го кренале храмот во воздух вчера, додека пак според извештаите на сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, тоа се случило пред еден месец.

Исламска држава ја зазеде Палмира во мај, оваа година. Античкиот град, кој се смета за еден од најважните антички културни центри во светот, е познат по добро зачуваните остатоци од градби во грчко-римски стил и по храмот Балшамин, изграден пред речиси 2.000 години.

Инаку, Исламска држава досега уништи повеќе древни локации во Ирак, бидејќи како што веруваат нејзините припадници, сите светилишта и статуи кои имплицираат постоење на други божества претставуваат сквернавање и идолатрија, поради што мораат да бидат уништени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...