fbpx

Шведските обвинувања против Асанж застаруваат на 18 август

-

Шведските официјални лица соопштија дека се обидуваат да добијат согласност од основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж за сослушување по повод обвинувањата за сексулно насилство кое ќе застари наредната недела.

Асанж, кој се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012 година, шведските власти го бараат поради обвинување за силување и за сексуално вознемирување кога во 2010 година тој престојувал во Шведска.

Според шведскиот закон, Асанж мора да биде или формално обвинет или ослободен од обвинувањата до 18 август. Обвинувањата, меѓутоа, не можат да бидат поднесени додека Асанж не биде сослушан.

Шведската влада денеска соопшти дека за случајот на Асанж ќе разговара со претставниците на Еквадар, но дека разговорите веројатно ќе продолжат и по 18 август, па поради застарување на случајот Шведска би можела да се откаже од целиот случај.

Жртвите на Асанж, наводно, се две жени кој тој ги запознал во 2010 година. Асанж ги негира обвинувањата и верува дека испорачувањето на Шведска, всушност, е првиот чекор кон тоа Шведска него да го испорача на САД, за обелоденувањето на тајни воени и дипломатски документи од „Викиликс“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...