fbpx

Смената на директорот на УЈП, Горан Трајковски, не е договорена со СДСМ

-

Смената на директорот на УЈП, Горан Трајковски, не е договорена со СДСМ, изјави за „Мета“ портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

– Не е разговарано на таа тема. Можно е да му истекува мандатот. Не сме изменаџирале ништо во таа смисла – изјави Шилегов.

Управата за јавни приходи беше спомната во извештајот на Прибе како област за која има силни критики и за која власта, заедно со опозицијата, треба да договори ослободување.

На прашањето до УЈП поврзано со огласот за именување директор и дали мандатот на Трајковски му истекува, портпаролката на УЈП нè препрати да побараме одговор од Владата. Одговор оттаму не добивме.

На телефонот на директорот Горан Трајковски, пак, одговори друго лице, кое ни кажа да го побараме подоцна.

Горан Трајковски е прв човек на УЈП девет години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...