fbpx

Крај на грчката драма: Атина и доверителите постигнаа договор

-

Лидерите од еврозоната постигнаа договор за финансиска помош на Грција, која пет месеци се обидуваше да најде компромис со доверителите.

Претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, преку „Твитер“ објави дека „едногласно“ е постигнат договор со Грција.

„Сè е подготвено за Европскиот механизам за стабилност да обезбеди финансиска помош за Грција во замена за сериозни реформи“, напиша Туск.

Тој истакна дека ќе биде поставен посебен фонд за отплата на грчкиот долг.

„Министрите за финансии итно ќе разговараат како да ѝ помогнат на Грција на краток рок да ги исполни своите финансиски потреби“, напиша Туск.

Претседателот на еврогрупата, Јерун Дејслеблум, денеска изјави дека грчките банки бараат 25 милијарди евра за докапитализација.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека договорот ќе ѝ помогне на Грција да остане во еврозоната доколку ги следи правилата што ѝ ги наметна ЕУ.

– Направивме добар чекор за да се изгради доверба, но има уште многу чекори кои треба да се направат за да се имплементира постигнатото – изјави директорката на ММФ, Кристин Лагард.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...