fbpx

Државниот египетски обвинител повреден во експлозија

-

Египетскиот државен обвинител Хишам Баракат е повреден откако е фрлена бомба на неговото возило, а одговорност за нападот презела мала група која се нарекува „Народен отпор на Гиза“.

Египетската државна новинска агенција јави дека Баракат добил полесни повреди во експлозија на бомба која погодила конвој на возила, меѓу кое и возилото на обвинителот.

Во нападот повреден е член на обезбедувањето на обвинителот, по што двајцата се пренесени во болница.

Баракат по соборувањето на поранешниот египетски претседател, Мохамед Морси, во 2013 година, на суд има испратено повеќе од илјада исламисти, а стотина од нив беа осудени на смрт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В сабота концерт на Дино Имери на „Школка“

Несекојдневен музички настан организира Амбасадата на Република Полска, по повод Денот на Уставот, кој ќе се случи на 11 мај (сабота) со почеток во 12 часот. Во Градскиот парк,...