Продажните цени на бензините ноќеска на полноќ ќе се намалат за половина денар, додека цената на еден литар дизел ќе се продава по еден и пол денар пониска цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Во согласност со одлуката, новата цена на еден литар „еуросупер БС-95“ изнесува 71 денар, а на „еуросупер БС-98“ изнесува 73 денари.
Малопродажната цена на „еуродизелот“ изнесува 55 денари, додека екстралесното масло за домаќинство ќе се продава по 43,50 денари за еден литар.
Цената на мазутот М-1 НС изнесува 27 денари за еден килограм.