fbpx

Се формираа две комисии за надзор на разузнавачките служби

-

Собранието денеска изгласа две комисии за надзор на разузнавачките служби. По нефункционирање од една година, ќе се формира комисија за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, како и комисија за надзор за спроведување на посебната истражна мерка следење на комуникациите од МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и од Министерството за одбрана.

Роза Топузовска-Каревска е предложена за член на комисијата за надзор над работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање, а пратеничката Љубица Буралиева за заменик-член во ова собраниско тело. Солза Грчева, пак, е предложена за член на комисијата за надзор над мерките за следење на комуникациите, а Топузовска-Каревска ќе биде нејзина заменичка.

Според претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Зоран Илиоски, тогаш кога опозицијата ќе се врати во Собранието, ќе се направи ревизија на составот на овие две комисии и доколку е потребно, ќе се донесе нова одлука за пополнување на местата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...