Унгарија повеќе не може да прима мигранти, изјави денескa во Брисел, унгарскиот премиер Виктор Орбан.
– Мигрантите треба да се „извезат“ пред да се „увезат“ во Унгарија – изјави Орбан пред самитот на ЕУ, чијашто тема е миграцијата.
Унгарскиот премиер вели дека неговата држава е против воведување европските квоти за мигранти, додавајќи дека приемот на мигрантите треба да биде доброволен.
– На бегалците треба да им се помогне во името на „христијанското милосрдие“, но Унгарија мора да ги заштити своите граѓани од економски мигранти кои доаѓаат со надеж за подобар живот – истакна Орбан.