Собранието денеска изгласа две комисии за надзор на разузнавачките служби. По нефункционирање од една година, ќе се формира комисија за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, како и комисија за надзор за спроведување на посебната истражна мерка следење на комуникациите од МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и од Министерството за одбрана.
Роза Топузовска-Каревска е предложена за член на комисијата за надзор над работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање, а пратеничката Љубица Буралиева за заменик-член во ова собраниско тело. Солза Грчева, пак, е предложена за член на комисијата за надзор над мерките за следење на комуникациите, а Топузовска-Каревска ќе биде нејзина заменичка.
Според претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Зоран Илиоски, тогаш кога опозицијата ќе се врати во Собранието, ќе се направи ревизија на составот на овие две комисии и доколку е потребно, ќе се донесе нова одлука за пополнување на местата.