fbpx

Британско разузнавање: Руските загуби во битката за Авдиивка може да бидат најлоши во 2023 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот тврдеше дека руските сили изгубиле војници колку една бригада во обид да напредуваат кон Авдиивка

-

Се верува дека руските сили претрпеле некои од најголемите стапки на смртни случаи во земјата досега годинава како резултат на континуираните тешки борби околу градот Авдиивка во украинската област Доњецк, се вели во најновиот извештај на разузнавањето на Министерството за одбрана на Обединетото Кралство кое го пренесува Гардијан.

Според извештајот, Русија веројатно распределила најмногу осум бригади во секторот каде што започнала „големи офанзивни напори“ во средината на октомври.

Вооружените сили на Украина вчера тврдеа дека Русија изгубила 298.420 војници од почетокот на нејзината целосна инвазија минатата година, вклучувајќи и 740 жртви од последниот ден.

Во британскиот разузнавачки извештај се наведува дека природата на операцијата во Авдиивка укажува на тоа дека „суштинскиот воено-политички предизвик на Русија останува ист како што беше во поголемиот дел од војната“.

„Политичките лидери бараат да се заземе повеќе територија, но војската не може да создаде ефективно офанзивно дејство на оперативно ниво“, се вели во извештајот на британското разузнавање.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот тврдеше дека руските сили изгубиле војници колку една бригада во обид да напредуваат кон Авдиивка.

Во меѓувреме, претседателот и авторитарен лидер на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека Русија и Украина се заглавени во „ќорсокак“ на првите линии на нивната војна и оти двете страни треба да седнат и да преговараат за крај на конфликтот, пренесува Гардијан.

„Има доволно проблеми на двете страни и генерално ситуацијата сега е сериозно закочена – никој не може да направи ништо и суштински да ја зајакне или унапреди својата позиција“, рече Лукашенко кој важи за сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

Инаку, вчера во Малта беа отворени третата рунда мировни преговори поддржани од Украина, со претставници на повеќе од 60 земји, но без Москва која го осуди настанот како „еклатантно антируски“, јави Гласот на Америка.

Украинскиот претседател Зеленски се обрати на првиот ден од дводневните разговори зад затворени врати меѓу советниците за национална безбедност и политика, на кои тој се надева дека ќе обезбеди поддршка за неговиот план од 10 точки за ставање крај на војната.

Во изјава на социјалните мрежи, Зеленски напиша дека 66 земји учествувале во разговорите, што било доказ дека неговиот план „постепено стана глобален“.

Разговорите следуваат по состаноците во Џеда и Копенхаген, а Украина се надева дека состаноците ќе прераснат во самит на ниво на шефови на држави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...