четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Александар Лукашенко | 23 резултати

Лукашенко: Два пати го предупредив Пригожин да внимава

август 26, 2023

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека двапати го предупредил шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин да внимава на заканите по неговиот живот, објави Си-ен-ен пренесувајќи ја белоруската агенција Белта. „Првиот пат беше кога му телефонирав и се водеа преговори додека тие маршираа кон Москва“, им рече Лукашенко на новинарите во коментарот што го пренесе белоруската државна […]

Пригожин им нареди на своите сили да се вратат во своите бази

јуни 24, 2023

Лидерот на руската платеничка војска Вагнер, Евгениј Пригожин им нареди на своите борци да го сопрат движењето кон Москва и да се вратат назад во своите бази, јавува Би-би-си. Пригожин разговарал со белорускиот претседател Александар Лукашенко, а за време на разговорот тој се согласил да го сопре движењето на своите сили и да ја деескалира […]

Белоруски суд ја осуди опозициската лидерка Тихановскаја на 15 години затвор

март 6, 2023

Белоруската опозициска лидерка (во егзил), Светлана Тихановскаја е осудена на затворска казна од 15 години од судот во Минск, пренесува Јуроњуз. Исто така, еден од водечките противници на режимот на Александар Лукашенко, Павел Латушко е осуден на затворска казна од 18 години, додека тројца други опозиционери – Марија Мароз, Волха Кавалкова и Сергеј Дилевски, добија […]

Мигрантската криза на границата со Полска ескалира, Советот за безбедност на ОН ќе одржи седница

ноември 11, 2021

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) ќе одржи седница, на која Естонија, Франција и Ирска планираат да го покренат прашањето за состојбата со мигрантите што се заглавени на границата меѓу Полска и Белорусија. Стотици мигранти се наоѓаат на самата гранична линија, при што Полска се обидува да го спречи влезот на овие лица на […]

Белоруските власти го укинаа Белорускиот ПЕН центар

август 11, 2021

На 9 август, Врховниот суд на Белорусија пресудил да се затвори Белорускиот ПЕН центар. ИФЕКС, глобалната мрежа за одбрана и промоција на слободата на изразување, информираше за реакцијата на Меѓународниот ПЕН центар, асоцијација на организации на писатели од над сто земји низ целиот свет. Како реакција на веста, Џенифер Клемент, претседателка на Меѓународниот ПЕН центар, побара […]

ЕУ и САД со нови санкции против Белорусија откако Лукашенко пренасочи авион за да уапси новинар

мај 25, 2021

Лидерите на Европската Унија договорија нови економски санкции против Белорусија, додека американскиот претседател Џо Бајден ги поздрави најновите санкции на ЕУ и најави дека САД ќе преземат слични мерки. Ваквиот епилог следи откако белорускиот режим на Александар Лукашенко во неделата пренасочи авион на „Рајанер“ што леташе од Атина за Вилнус да слета во Минск, поради […]

Во Белорусија протестите продолжуваат и покрај репресијата и студот, Тихановскаја побара посилни санкции

декември 14, 2020

Светлана Тихановскаја, противкандидат на долгогодишниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко, на последните избори во август, чија политичка судбина беше причина за долготрајните протести против режимот во Белорусија, побара проширување на санкциите против властите. Во меѓувреме, уличните протести во земјата продолжуваат и покрај студот и репресивното постапување на безбедносните сили против демонстрантите. Во интервјуто за германското […]

Глобал Војсис организира виртуелна дебата за Белорусија „Belarus 2020: Still Uploading?

декември 11, 2020

Глобал Војсис (Global Voices) го започнува GV Insights серијалот на виртуелни разговори за горливи теми, почнувајќи од 14 декември во 16 часот по македонско време со првиот настан „Belarus 2020: Still Uploading?”— жива дискусија за револуцијата во Белорусија во 2020 година, заедно со експерти од Белорусија, регионот и членови од заедницата на Глобал Војсис. Настанот […]

Помпео во телефонски разговор побара од Лукашенко да се вклучи во дијалог со опозицијата

октомври 25, 2020

Тримесечната политичка криза во Белорусија никако да резултира со компромис меѓу белорускиот претседател Александар Лукашенко и опозицијата предводена од Светлана Тихановска. Здружената белоруска опозиција му даде рок до денеска на претседателот Лукашенко за да си поднесе оставка, а во спротивно се закани дека ќе организира генерален штрајк во Белорусија којшто би започнал од понеделник, јавува […]

Обединетото Кралство со санкции против Лукашенко и уште седуммина претставници на режимот во Белорусија

септември 30, 2020

Обединетото Кралство (ОК) покрена санкции против осуммина претставници на белорускиот режим, од кои првиот е претседателот Александар Лукашенко, поради повреда на човековите права во Белорусија по наместените избори, соопшти Доминик Рааб, министерот за надворешни работи на ОК. Според Министерството за надворешни работи, санкции има и за синот на белорускиот претседател, како и за други високи […]

Вистиномер: Ем невистини, ем антисемитизам во теорија на заговор за Ковид-19

септември 25, 2020

Обвинувањето дека зад ковид-19 пандемијата стои еврејско-болшевичка револуција со крајна цел воведување тоталитарен режим, претставува уште една теорија на заговор што се шири по социјалните мрежи, а е со ништо поткрепена. Таа лага носи подеднакво две опасности – ем сее неверување за коронавирусот, ем сее говор на омраза, , пишува „Вистиномер.мк“. Пост објава на Фејсбук со лажна […]

За една седмица – многу дезинформации во Русија за протестите во Белорусија и за Навални

септември 24, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и […]

Лукашенко положи заклетва за претседател, САД и ЕУ не го признаваат за легитимно избран

септември 24, 2020

Александар Лукашенко за САД не е легитимно избран претседател, изјави претставник на Стејт департментот по вчерашното ненајавено положување заклетва на Лукашенко за нов претседателски мандат. „Изборите на 9 август не беа ниту слободни, ниту фер“, го пренесува Си-ен-ен ставот на американските власти. Официјалниот став на САД за непризнавање на Лукашенко доаѓа неколку дена откако високиот […]

Српски медиуми Белорусија ја претворија во рај, вистината е далеку од тврдењата

август 23, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и […]

На руска државна телевизија повторена невистината за смртта на демонстрантот во Минск

август 18, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот. Познатиот сервис за проверка на фактите polygraph.info […]

Дезинформации за навлегување на руската војска во Белорусија за да „ги смири демонстрациите“

август 17, 2020

Откако на социјалните мрежи и преку чет апликациите почнаа да се шират видеа на кои се гледаат воени транспортери и автобуси полни со војници, со тврдење дека тоа е руска војска која или веќе навлегла во Белорусија или „само што не влегла“, проверувачите на факти од Белорусија бргу ги разоткрија ваквите наводи како дезинформации. Како […]

Протестите во Белорусија не стивнуваат, денеска е исклучен интернетот

август 11, 2020

Продолжуваат протестите во Белорусија после спорните претсeдателски избори одржани во неделата, а денеска е исклучен и интернетот во земјата. Состојбата и понатаму е многу напната, а белоруски интервентни единици и воени сили од попладнево пристигнуваат во центарот на Минск, јавуват светските агенции. Полицијата денеска употреби брутална сила против илјадниците демонстранти кои протестираат незадоволни од победата […]

Избори за претседател во Белорусија, до 14 часот излегле 65,19 проценти од гласачите

август 9, 2020

Во Белорусија денеска се одржуваат претседателски избори, на кои граѓаните избираат од петмина кандидати, актуелниот Александер Лукашенко, Светлана Тихановскаја, донеодамна малку позната професорка по англиски и уште тројца други. Агенцијата ТАС пренесе дека до 14 часот излегле на гласање 65,19 проценти од гласачите. Според заменик-претседателот на Централната изборна комисија, Владимир Ипатов, одѕивот по региони е […]

Русија се обидува да нè држи за врат, тврди Лукашенко

февруари 3, 2017

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска остро ја критикуваше Русија на прес-конференција во Минск, обвинувајќи го Кремљ за кршење на спогодбата меѓу блиско поврзаните соседи и со користење на фактот дека ги снабдува со енергија „за да ги држи за врат“. Говорејќи пред околу педесетина белоруски и странски новинари во Минск, Лукашенко рече дека Русија ги […]

Страна 1 од 1