fbpx

Прилепчанец натепал шумски полицаец

-

Прилепската полиција поднела кривична пријава против З.З. (35), жител на градот, кој се товари дека на почетокот на овој месец натепал шумски полицаец.

Според полициските информации, инцидентот се случил на 6 јуни, пред амбулантата во Прилеп.

Осомничениот го нападнал лицето, удирајќи го по главата и по телото, а откако го соборил на земја, продолжил да го тепа.

Причина за нападот, според полциијата, било тоа што шумскиот полицаец му поднел пријава на З.З. за кражба на дрва.

Против прилепчанецот е поднесена пријава со која се товари за кривичното дело насилство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Џафери: Спроведовме фер, демократски, европски избори

Во прес-конференција на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери за работата на Владата изминатите сто дена под негово раководство, тој се осврна на успешниот изборен процес,...