fbpx

Заев се сретна со Мартин Безак, амбасадорот на Словачка

-

Зоран Заев, придружуван од Виктор Габер, денеска се сретна со амбасадорот на Република Словачка, Мартин Безак.

Шансите за можно отворање преговарачки процес за решавање на длабоката политичка криза во Македонија била една од темите за кои дискутирале на средбата.

Како што пишува во соопштението на СДСМ, Заев ја објаснил принципиелната позиција на опозицијата дека преодна влада, односно модалитети на влада, што во еден ограничен временски период ќе треба да обезбеди услови за слободно изразување на волјата на граѓаните и фер и демократски избори, а за што гарант ќе биде меѓународната заедница, е решение за нормализација на состојбата во државата.

„Доказите во проектот „Вистината за Македонија“ ги извадија на површина сите злоупотреби на државниот систем, во функција на останување на Груевски на власт. За тие слабости на системот во Македoнија, во повеќе последователни извештаи нотираат и Европската комисија и ОБСЕ/ОДИХР. Оттаму легитимитетот на Груевски е спорен, а единствено преодна влада може да обезбеди нормализација на состојбата во државата“, изјавил Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...