300 стари стечаи чекаат некој да ги купи!

-

Законот за старите стечаи, кој беше најавен уште пред да почне кампањата за предвремените парламентарни избори во април годинава и кој беше донесен на 31 јануари 2014 година, сè уште нема своја завршница, иако премиерот Никола Груевски вети дека целиот процес ќе заврши до крајот на годинава.

Тој веднаш по владината седница, на која беше најавен почетокот на процедурата за специјален и еднократен закон за стечајна постапка, изјави дека со него сите стечајни постапки ќе бидат завршени за помалку од една година. Иако од најавата до денес има поминато повеќе од една година, а од  неговото изгласувањето речиси 11 месеци, сепак засегнатите немаат никакви информации дека нешто се случува.

– Веднаш кога беше донесен Законот, поднесовме барање до судовите за нашите побарувања. Тогаш беше најавено дека најдоцна за една година ќе заврши целата процедура, но досега немаме никакво известување. Веќе 20 години чекаме конечно да се реши нашиот проблем, но најверојатно ниту овојпат нема да испадне нешто – вели Тодорка Ѓ., поранешна работничка од ТП „Центро“, чија фирма е во стечај околу 20 години и е опфатена со новиот Закон за заклучување на стечајните постапки отворени во согласност со Законот за присилно порамнување, стечај и за ликвидација.

Како што беше најавено, законот треба да опфати околу 300 стечаи.  Со него е предвидена продажба на имотот на фирмите под стечај, но нуди и други можности, при што дел од работниците во тие фирми би биле обештетени, а некои можеби и повторно вработени.

Од Министерството за економија, кое беше и предлагач на Законот за заклучување на стечајните постапки отворени во согласност со Законот за присилно порамнување, стечај и за ликвидација, велат дека основна цел е утврдување на правен статус на недвижности со кои располагал стечајниот должник, кои биле изградени пред отворање на стечајната постапка и кои немале утврден стаус и не биле запишани во Агенцијата  за катастар (АКН).

– Во согласност со одредбите од законот, предвидена е постапка  во која за утврдување на правниот статус, стечајниот управник поднесува предлог до вонпарничниот суд (со придружни документи) за утврдување на правен статус на недвижноста. Судот доставува барање до АКН, која за наведените објекти изработува геодетски елаборат (снимање на објектот на самото место) и елаборатот се доставува до судот, кој носи решение за утврдување на правен статус. Решението се доставува до АКН за упис на недвижноста и за добивање имотен лист – велат од Министерството за економија.

По вака утврден правен статус, со соодветен доказ за сопственост на име на стечајниот должник, се распишува оглас за продажба на недвижноста (но и на друг подвижен имот на должникот) по пат на електронса аукција, која се  објавува на веб-страницата на Централниот регистар на Република Македонија.

– Според податоците добиени од стечајните управници, поднесени се 174 барања за утврдување правен статус на недвижности за окулу 1.220 објекти. Од страна на АКН се изработени геодетски елаборати во најголем број  објекти, освен за неколку објекти каде изработката на елаборатот била попречена од бесправно вселени корисници, но оваа состојба е надмината со асистенција на полиција – велат од министерството.

Оттаму информираат дека на веб-страницата на Централниот регистар вчера биле објавени за продажба 14 недвижности, кои преставуваат деловен поростор, магацини, штали, помошни простории и друго. Оваа состојба се менува секојдневно, со оглед дека секој ден се објавува продажба на други објекти.

Од Министерството за економија велат дека вистинските ефекти од примената на законот се очекува да се сознаат на крајот од првото тромесечие од 2015 година.

В.Ѓ.

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде што екипите...

Вработената во Општина Кочани беше повредена со пластично шише

„Вистиномер“ на социјалните мрежи пронајде објавен видеоматеријал на којшто е прикажан инцидентот и на него се гледа дека сите шишиња коишто се поставени на масата за советниците, се пластични, пишува „Вистиномер“ Во...

Иран упати остро предупредување до Трамп: Ќе ја завршиме оваа војна

Иран изјави дека нападот на САД врз нивнитенуклеарни постројки го проширил опсегот на легитимни цели за неговите вооружени сили и го нарекоа американскиот претседател Доналд Трамп „коцкар“ затоа што се приклучил...

Magic: The Gathering карта од новата едиција на Final Fantasy доби обид за продажба по цена од 50.000 долари

Картата „Golden Traveling Chocobo“ доби обид за продажба од 50.000 долари на eBay. Се работи за најнов кросовер помеѓу Magic: The Gathering и Final Fantasy серијалот, едицијата што излезе на 13...

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде...