fbpx

25 пациенти се излечени, 53 се новозаразени, а 13 се на респиратор

-

Министерството за здравство информира дека во последното деноноќие се регистрирани 25 излекувани пациенти, од кои шестмина се испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои во општа добра состојба заминуваат дома, како и 19 други кои се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на ковид-19. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја е 1.170.

Досега во земјата се направени вкупно 11.556 тестирања.

„На Инфективната клиника во Скопје, примени се тројца пациенти од Прилеп, Куманово и Скопје во потешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 52, од кои 16 се на кислородна поддршка, а петмина се на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ до утрово се примени пет нови пациенти, со што во моментов во оваа болница се лекува 41 пациент. На респираторна машина се приклучени осум пациенти“, информираат во министерството.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 12 пациенти потврдени и суспектни на вирусот, од нив 3 се на кислородна поддршка. На петмина пациенти (тројца на болничко лекување и двајца кои се лекуваат во домашни услови), по првиот негативен тест, вчера е земен и втор контролен брис. На домашно лекување се следат уште 13 пациенти.

„Во штипската болница е примена една пациентка и во моментов се хоспитализирани вкупно 9, сите во стабилна состојба. Преку болницата во Штип се следат уште 19 пациенти кои се лекуваат во домашни услови“, додаваат оттаму.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...