fbpx

Заев: Листите на ВМРО-ДПМНЕ се огледало на криминалот

-

Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од обвинетиот поранешен премиер, се огледало на криминалот, корупцијата, насилството, несовесноста, беззаконието, на што се изложени граѓаните на Македонија изминативе 10 години, стои во писмената изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во врска со носителите на листи што ги достави ВМРО-ДПМНЕ до ДИК.

„Овие луѓе кои украдоа повеќе од пет милијарди евра пари на граѓаните и ги ставија на свои сметки во странство, не ја бараат вашата доверба за подобро да живеете – туку за да продолжат да крадат и да се богатат. Овие луѓе, кои нарачуваа шамари, бркаа од работа и рекетираа фирми, не ја бараат вашата доверба за да ве заштитат, туку за да се изживуваат врз вашите животи, со што го хранат своето его“, вели Заев.

Според лидерот на опозицијата, носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ се оние кои принудија повеќе од 626.312 луѓе да заминат во странство.

„Овие исти луѓе кои 10 години ви ги кршеа соништата не смеат повеќе да владеат.
Да ги запреме. Да не ни ги уништуваат домовите и децата. На 11 декември да избереме живот, живот за сите нас во Република Македонија“, вели Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...