fbpx

„Последен поздрав до оној кој не стави појас“, нова кампања на РСБСП

-

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ја почна новата кампања „Последен поздрав до оној кој не стави појас“, која има цел да ја зголеми свесноста за користење на сигурносните појаси и кај возачите и кај сопатниците.

Кампањата преку раскажување животни приказни низ фотографии ги прикажува последиците од некористењето појаси.

„Животните стории од фотографиите се вистински и се лични судбини на луѓе чиј живот згаснал како резултат на несовесно и неодговорно учество во сообраќајот, како резултат на некористење сигурносен појас. Многу нешта на денешниот ден би биле различни, многу луѓе би биле посреќни, многу семејства нема да беа завиткани во црно и многу лица ќе беа ослободени од горката тага, со неизмерлив бол и јад во душата, доколку нивните блиски користеа сигурносен појас“, велат од РСБСП.

Според истражувањето на РСБСП, при кое се анализирани возачи од 13 општини во Република Македонија, процентот на возачите кои користат сигурносен појас изнесува околу 30 отсто. Овој процент е за неколку единици поголем кај совозачите. Ситуацијата во Европа е обратна, односно само 30 отсто од возачите го прекршуваат законот и не користат појас.

Според анализите што го направиле релевантните меѓународни организации, 50 отсто од возачите кои загинале на патиштата, го загубиле животот бидејќи не користеле појас.

Кампањата и активностите поврзани со неа ќе траат неколку месеци и ќе се реализираат на територијата на Република Македонија, а целна група ќе бидат возачите и патниците како учесници во сообраќајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...