За исцртаните кукасти крстови во Прилеп осомничен 15-годишник


       
Прилеп, 7 март, 2018 - 9:40 (META) 

За исцртаните кукасти крстови на Меморијален музеј „11 Октомври 1941 година – Участакот“ во Прилеп, кој е заштитен со закон, и на уште неколку други објекти, кои беа забележани на 30 јануари годинава, прилепската полиција осомничи 15-годишен прилепчанец.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднела посебно Известување против 15- годишниот К.Д. од Прилеп за кривично дело Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, казниво по член 264 од Кривичниот законик на Република Македонија.