Силниот јужен ветер го исфрли сметот од Охридско Езеро на кејот и на пристаништето.
Екипи на „Охридски комуналец“ од рано утрово работат на расчистување на отпадот и трската што ги фрлаат езерските бранови.
Од Општина Охрид информираат дека ваквата активност најверојатно ќе се реализира и наредниве денови по најавите на метеролозите дека ќе дува јужен ветер со посилен интензитет.