fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Во здравството се инвестирани 115 милиони евра за подобрување на услугите

-

„Секогаш кога СДСМ нема одговор на прашањето дали ќе се откаже од тиранската платформа и од редефинирање на државата, испраќа соопштенија и држи прес-конференции полни со манипулации и конструкции“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на членот на комисијата за здравство на СДСМ, Злате Мехмедовиќ.

Во него се додава дека СДСМ нема кредибилитет да зборува за здравствениот систем во Македонија.

„Општо познато е дека во време на СДСМ се купуваа стентови на црно, пациентите со малигни заболувања за зрачна терапија плаќаа огромни суми пари во странство, граѓаните немаа можност да закажат преглед кај доктор, докторите им беа недостижни и чекаа огромни редици пред ординациите не знаејќи дали воопшто ќе бидат прегледани. Докторите во време на СДСМ сонуваа за државна кардиохирургија и детска кардиохирургија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека во македонското здравство се инвестирани повеќе од 115 милиони евра за набавка на нова, најсовремена медицинска опрема со која сериозно се подигна квалитетот на здравствените услуги.

„Во тек е спроведувањето на историски најголем инвестициски циклус во еден момент во здравствена инфраструктура, во вредност поголема од 74, 6 милиони евра. Изградена е нова детска болница во Козле, според врвните светски стандарди за лекување и за третман на најмладите пациенти. Интензивно се одвиваат градежните работи за изградба на нова клиничка болница во Штип, инвестиција вредна околу 56 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се додава дека кадарот во здравството во изминатите неколку години е зајакнат со околу 4.000 лица, со вработувања или со трансформација во редовен работен однос.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...