fbpx

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 50 амандмани за законот за јазици, СДСМ пет, Беса два, ДУИ – ниеден

-

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 50 амандмани за законот за употреба за јазиците, СДСМ пет, а два амандмани поднесе Беса. Денеска истече рокот во кој политичките партии можеа да поднесат амандмани за овој закон во второ читање.

ВМРО-ДПМНЕ со амандманите сака да интервенира во делот во кој, според партијата, се загрозува македонскиот јазик. Од СДСМ велат дека нивните амандмани се во насока на разјаснување на дилемите околу казните што ги предвидува законот и на обвинувањата дека тој ќе го загрози унитарниот карактер на Македонија.

Движењето Беса преку амандмани ќе бара официјализирање, а не само унапредување на употребата на албанскиот јазик.

Артан Груби, пак, рече дека пратеничката група на ДУИ нема да поднесе амандмански предлози оти нивните забелешки веќе се доставени до Венециската комисија.

Тој, како претседател на собраниската Комисија за европски прашања, комисиската седница на која во второ читање ќе се разгледува предлог-законот за употреба на јазиците, ја закажа за 22 ноември – Денот на албанската азбука.

По три дена за него ќе се расправа во Законодавно-правната комисија, а потоа на пленарна седница.

Во средата, на продолжението на 15. собраниска седница, пратениците со 66 гласа „за“ и со 41 глас „против“ му дадоа виза на предлог-законот за употреба на јазиците за второ читање во надлежните комисии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...