fbpx

Владата донесе одлука за вработување на 112 поранешни професионални војници

-

На минатата седница, Владата донесе одлука и акциски план со кој 112 поранешни припадници на професионалниот состав на АРМ ќе бидат вработени во рамките на државните институции, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев нагласи дека станува збор за 112 поранешни професионални војници на кои им престана службата во АРМ поради исполнување на старосната граница заради навршени 35, односно 38 години возраст, кои по исполнувањето на професионалниот договор останале невработени, а врз основа на законот поднеле барање за вработување и ги исполниле условите од законот за да бидат вработени.

– Во согласност со владината одлука и акциски план овие 112 поранешни припадници на професионалниот состав на АРМ ќе бидат вработени во рамките на повеќе државни институции и тоа: 19 лица ќе бидат вработени во институциите на Министерството за здравство, 19 лица ќе бидат вработени во рамките на Управата за извршување санкции,  45 поранешни професионални војници ќе бидат вработени во Министерството за правда, во Судската полиција и 29 поранешни професионални војници ќе бидат вработени во Министерството за одбрана, а потоа дел ќе останат да работат во МО, а дел, во согласност со потребите на другите институции и заемната согласност, ќе бидат прераспределени и во други државни институции – рече Ѓорѓиев.

Предвидено е лицата да бидат вработени на работни места кои се соодветни на нивните образовани и професионални квалификации, а при определувањето на работното место се водело сметка за територијалниот аспект, односно е овозможено овие лица да бидат вработени во најблиска средина во однос на местото на нивното живеење.

– Во текот на овие денови овие лица се или ќе бидат контактирани од институциите, по што ќе следува постапката на потпишување на соодветните акти за вработување и за преземање во други институции, процес кој ќе резултира со доделување решенија за вработување најдоцна на почетокот од следната недела – рече Ѓорѓиев.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...