fbpx

Унгарија го поздрави потпишувањето на Протоколот за прием на Македонија во НАТО

-

Унгарската Влада го поздравува потпишувањето на протоколот за прием на Република Северна Македонија во НАТО, соопшти денеска унгарската амбасада во Скопје.

„Ова претставува уште едeн значаен чекор во процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Алијансата и придонесува за зајакнување на стабилноста и безбедноста не само на земјата, туку и на регионот на Западен Балкан, како и на евроатлантската заедница како целина“, се наведува во соопштението.

Унгарската Влада се надева дека со брзата ратификација на Протоколот од страна на земјите-членки на НАТО, Република Северна Македонија многу брзо ќе стане полноправна членка на Севрноатлантската алијанса, се додава во соопштението на унгарската амбасада во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...