fbpx

Ангеловска – Бежоска на средба со делегацијата на ЕБОР: Економијата закрепнува

-

Гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска – Бежоска и вицегувернерите остварија средба со делегацијата на Одборот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која е во неколкудневна посета на земјава.

Раководството на НБРМ ги презентирало согледувањата и оцените за македонската економија, за македонскиот банкарски систем и неговата стабилност.

„Македонската економија закрепнува, а банкарскиот систем во земјава е стабилен и солвентен. Тој е во кондиција која што овозможува понатамошна поддршка на економијата“, истакнала Ангеловска – Бежоска.

Пред претставниците на ЕБОР, таа посочила и на просторот за понатамошна консолидација на банкарскиот сектор, како и на потребата за развој на останатите сегменти на финансискиот систем и развој на алтернативните извори за финансирање, особено за малите и за средните претпријатија.

„Токму во овие сегменти се воочи простор за натамошна поголема вклученост на ЕБОР. Воедно, гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна и на новата концепт-стратегија на ЕБОР за Македонија, укажувајќи на добро дефинираните приоритети, особено во областа на инфраструктурата и финансискиот сектор, како клучни предуслови за зголемување на конкурентноста и продуктивноста на економијата“, соопштуваат од Народна банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...