fbpx

Ципрас од Солун: Промена Уставот е предуслов за целосен договор за името

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас од Солун го повтори ставот дека „промената на Уставот на соседот е предуслов за трајно решение“.

Ципрас ова го кажа на „Регионалната конференција во Централна Македонија“ подвлекувајќи дека „Централна Македонија и особено Солун сакаат да бидат столбот на развојот и може да имаат само корист од решението на спорот кој го имаме со соседот“.

Како што јавуваат грчките медиуми, Ципрас рекол дека „преговараме со чувство на национална одговорност, со цел да постигнеме решение кое ќе значи зачувување на нашата историја и, во исто време, ќе оневозможи било каков иредентизам од другата страна. Нема да се водиме од партиските, туку од националните интереси“.

Тој повикал „и другата страна да се раководи од овие принципи и покаже сила да донесе храбри и тешки одлуки“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...