fbpx

Џафери: Барав средба со Иванов, но не добив одговор

-

Никој не може да ја спречи законодавната власт да стави во функција некој закон, затоа што во таква ситуација ќе има проблем со демократијата и со поделба на властите, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на редовниот брифинг со новинарите.

– Претседателот Ѓорге Иванов нема рок за потпишување на Законот за употреба на јазиците, туку должност да го потпише. Тој одбива тоа да го направи и со тоа го прекршува Уставот. Одлуката да не го потпише е личен избор, но и лична одговорност. Решенија за овој проблем има, но се уште трае анализата како треба да се постапи – изјави Џафери.

Тој рече дека усно побарал средба со претседателот Иванов, но не добил одговор.

– Нема да се впуштам да ставам потпис на нечие друго име, а дали законот може да помине со еден потпис ќе видиме што ќе каже демократијата. Не се оптоварувам временски и не сакам да правам дополнителна тензија – додаде Џафери.

Собранискиот спикер вели дека, иницијативата за постапката за импичмент на претседателот, треба да ја покренат 30 пратеници и за неа да се гласа со дво третинско мнозинство, а потоа одлуката да се даде на Уставен суд, кој по неа ќе одлучува.

Џафери потенцираше дека Иванов има одговорност и според Кривичниот законик каде што постои дело за употреба на службената должност.

Тој додаде дека со одлуката на Врховен суд да го укине притворот на пратениците, е елиминиран аргументот на опозицијата да не учествува во работата на Собранието, и изрази надеж дека, следните денови ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати и Собранието ќе биде во потполн состав.

– Има потенцијал да се усогласат сите закони за кој е потребно дво третинско мнозинство, откако ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на пленарните седници – објасни Џафери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...