fbpx

Трамп го нападна лидерот на републиканците во Сенатот поради „Обамакер“

-

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска остро го критикуваше лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, поради неуспехот во укинувањето на законот за здравствена заштита (Обамакер) и донесувањето нов закон, јавуваат американските медиуми.

Трамп го обвини Меконел дека е виновен за неуспехот на републиканците, кои имаат мнозинство во Сенатот, да го укинат законот за здравствена заштита што го воведе претходниот американски претседател, Барак Обама.

„Можете ли да верувате дека Мич Меконел, кој седум години грмeше ‘да се укине и да се замени’, не успеа да го направи тоа. ‘Обамакер’ мора да биде укинат и заменет“, напиша Трамп на „Твитер“.

Американскиот претседател оваа недела реагираше бурно, откако Меконел јавно изјави дека Трамп „досега не се занимавал со ваква работа“ и дека имал „преголеми очекувања за брзината со која се одвиваат работите во демократскиот процес“.

Кон крајот на минатиот месец пропадна и третиот обид на републиканците во Сенатот да го отповикаат законот на Обама од 2010 година, откако републиканците Џон Мекејн, Сузан Колинс и Лиса Мурковски гласаа против отфрлањето на законот за здравствена заштита. Предлогот беше отфрлен со 51 спрема 49 гласа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...