fbpx
Таг: вонредна состојба

таг: вонредна состојба

Вонредна состојба во Санта Барбара поради големиот пожар

Шумски пожар во крајбрежните кањони на јужниот калифорниски град Санта Барбара зафатија повеќе од 1.600 хектари земјиште, а пожарникарите засега не успеваат да го стават под контрола. Округот Санта Барбара прогласи вонредна состојба поради пожарот. Властите наредиле евакуација на пет места и издале предупредување за уште пет. Исто така, затворени се и два кампа. Пожарот изби во средата попладне и уништи...

Венецуела е во тешка економска криза и се соочува со недостиг од храна

Венецуела се наоѓа пред колапс поради тешката економска криза која трае неколку месеци. Претседателот Николас Мадуро одлучи да воведе вонредна состојба, бидејќи земјата веќе подолг период се соочува со голема инфлација, недостиг од храна и од струја. Само оваа година економијата падна за 8 отсто, инфлацијата се зголеми трипати, а се очекува дека до крајот на годината ќе биде поголема за 700 отсто. Тешката економска ситуација...

Продолжена вонредната состојба во Франција

Францускиот парламент денеска го изгласа предлогот за продолжување на вонредната состојба, која беше воведена по минатогодишните терористички напади во Париз. Новото продолжување треба да обезбеди поголема сигурност за време на Европското првенство во фудбал и велосипедската трка Тур де Франс. Со 209 гласа „за“ и само 30 „против“, Горниот дом на парламентот ја продолжи одлуката за вонредна состојба. Француските власти воведоа...

Вонредна состојба во Алберта

Канадските власти прогласија вонредна состојба во провинцијата Алберта, откако поради пожарот во градот Форт Мек-Муреј се евакуирани 88.000 лица. Претставниците предупредуваат дека огнот и понатаму се заканува да уништи дел од градот и оти следните 24 часа се од пресудно значење. Пожарот изби во неделата, во предградие на Форт Мек-Муреј, зафаќајќи ја шумата. Потоа следуваше и најголемата евакуација во историјата на...

Франција ќе ја продолжи вонредната состојба

Франција планира да ја продолжи вонредната состојба воведена по терористичкиот напад во ноември 2013 година за уште два месеца поради безбедноста на европскиот шампионат во фудбал во 2016 година, соопшти денеска премиерот Мануел Валс. - Соочувајќи се со вака голем настан, мораме да преземеме безбедносни мерки затоа што настанот истовремено е и прослава – изјави Валс за радиото „Франс инфо“. Тој...

Укината вонредната состојба во Србија

Српската влада денеска ја укина вонредната состојба во земјата, која на 10 март беше воведена поради поплавите. Како што јавуваат српските медиуми, одлуката е донесена по предлог на Републичкиот штаб за вонредни ситуации, а исто така е усвоена и одлуката за прогласување прекин на елементарната непогода. Експертите веќе вршат процена на штетите од поплавите, а според информациите од теренот, водата во...

Вонредна состојба во 14 општини во Србија

Во три града и во 14 општини во Србија и понатаму на сила е вонредната состојба, поради обилните врнежи и излевањето на реките, а од тие места се евакуирани 171 лица и поплавени се 710 домаќинства, соопшти денеска српското МВР. Вонредна состојба е прогласена во Чачак, Нови Пазар и Краљево, Ариље, Лучани, Топола, Пожега, Бајина Башта, Ивањица, Рашка, Љиг, Рача, Трстеник...

Унгарија прогласува вонредна состојба и испраќа војска и полиција на границите

Унгарија дополнително ќе го засили воениот и полициски надзор на своите јужни граници, соопшти министерот за внатрешни работи, Сандор Пинтер. Одлуката доаѓа на денот кога земјите од таканаречената балканска рута почнаа да спроведуваат засилени мерки за влез на мигрантите. - Унгарија ќе ја засили заштитата на своите граници и поради мигрантите ќе прогласиме кризна состојба во целата земја – рече Пинтер. Словенија,...

Се повлекува водата во поплавените делови во Србија

Ситуацијата во поплавените подрачја во Србија е помирна и водата се повлекува, соопшти началникот на секторот за вонредни работи при српското министерство за внатрешни работи, Предраг Мариќ. - Водата во поплавените подрачја се повлекува, а во средините каде постојат услови, водата се испумпува – рече Мариќ. Тој оцени дека ситуацијата оди во насока на смирување, но додаде дека до крајот на...

Прогласена вонредна состојба во Србија поради поплавите

Српската влада денеска прогласи вонредна состојба поради поплавите во 15 општини во земјата. Како што соопшти српското МВР, со поплавите, кои се последица на поројните дождови и на излевањето на реките, погодени се околу 710 домаќинства, а уште 500 се загрозени. Досега се евакуирани 118 лица од поплавени објекти. Српските медиуми јавуваат дека надојдените реки однеле неколку моста и оти многу домаќинства...

Поплави во Србија, во некои општини прогласена е вонредна состојба

Обилните врнежи од дожд во Србија предизвикаа излевање на реките и поплави. Вонредна ситуација е прогласена во општините Арлија и Лучани, каде што се излеале реките Моравица и Бјелица. Во овие две општини поплавени се повеќето сообраќајници, домови, фабрики и училишта. Нивото на водата во реките е зголемено и во ужичкиот крај, а во некои области поставени се и насипи. Надлежните органи и спасувачките...

Во Грција заглавени 20.000 бегалци, кај Идомени чекаат 6.500 лица

Низ цела Грција во моментов се заглавени од 20.000 до 25.000 бегалци. Бројката ја објави министерот за миграција, Јанис Музалас, во интервју за грчката телевизија „Мега“, а истата се очекува да продолжи да се зголемува бидејќи во Грција секојдневно пристигнуваат илјадници нови бегалци. Според информацијата од грчката полиција, во бегалскиот камп кај Идомени има околу 6.500 бегалци, а на бензинската кај Поликасто...

Петмина загинати во налетот на ураганот Винстон на Фиџи

Пет лица ги загубиле животите на Фиџи во најсилниот ураган што некогаш поминал низ овој архипелаг во Тихиот Океан, на кој живеат околу 900.000 жители, јавуваат светските медиуми. Ураганот Винстон бил проследен од ветер кој дувал со брзина од 320 километри на час и од бранови со висина до 12 метри. Во налетот на ураганот неколку села на Фиџи биле целосно уништени, а поради...

Продолжена вонредната состојба во Франција

Францускиот парламент усвои одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата за уште три месеци. Вонредна состојба беше воведена по нападите во Париз, извршени во ноември минатата година. За продолжување на вонредната состојба се изјасни француското Народно собрание, долниот дом на парламентот, кој ја одобри со 212 гласа „за“, додека против беа 31 пратеник. Горниот дом, Сенатот, претходно веќе го направи тоа. Министерот...

Побарано продолжување на вонредната состојба во Франција

Француската влада денеска побара тримесечно продолжување на вонредната состојба, прогласена по терористичкиот напад во Париз, извршен на 13 ноември минатата година, во кој беа убиени 130 лица. Мерката што владата ја предложи на денешниот состанок треба да ја одобри парламентот. Вонредната состојба веќе еднаш беше продолжена и треба да заврши на 26 февруари. Во соопштението, претседателот Франсоа Оланд вели дека тримесечното продолжувањето е оправдано...

Хондурас прогласи вонредна состојба поради вирусот зика

Владата на Хондурас прогласи вонредна состојба во земјата поради вирусот зика, со кој, како што се сомнева, за помалку од три месеци се заразиле 3.649 лица. Министерката за здравство, Јолани Батрес, ги повика сограѓаните да ги исчистат домовите и заедниците, да ги отстранат надворешните контејнери со вода кои служат како место за размножување за египетските комарци, кои го пренесуваат вирусот...

Најмалку 19 лица загинале во снежното невреме во САД

Најмалку 19 лица загинале во невремето со обилни снежни врнежи во САД. Снегот и ветрот парализирале најголем дел од источниот брег на земјата, во Вашингтон наврнале 61 сантиметар снег, а во Њујорк наврнале рекордни 68 сантиметри, така што патиштата, мостовите и тунелите биле затворени. Најголем дел од починатите настрадале во сообраќајни несреќи, а некои од нив додека го расчистувале снегот...

Снежно невреме ги погоди САД

Најавуваното снежно невреме го погоди Вашингтон, со што во американската претстолнина се очекуваат рекордни врнежи од снег од 60 до 90 сантиметри. Снежното невреме најпрво ги зафатило јужните и источните делови на САД, поради што се откажани 7.000 летови, а седум држави прогласиле вонредна состојба. Во Северна и во Јужна Каролина, повеќе од 112.000 луѓе останале без струја, а шест лица загинале во...

Валс: Вонредна состојба во Франција додека трае војната против ИД

Вонредната состојба во Франција ќе остане на сила сè додека „тоталната и глобална војна“ против Исламска држава не заврши, најави денеска францускиот премиер Мануел Валс. Валс рече дека Франција е во војна која, како што појасни, подразбира користење на сите демократски средства под владеење на правото за заштита на францускиот народ. Францускиот премиер посочи и дека Европа мора итно да преземе мерки за...

Нови поплави на американскиот Среден Запад

Поплави повторно го погодија американскиот Среден Запад, каде за една недела настрадаа 20 лица. Во некои региони водата почнала да се повлекува, но во други делови нивото на водата и понатаму е загрижувачко. - Наредив мобилизација на припадниците на националната гарда на Илиноис за да помогнат со поплавите и во спасувањето на луѓето - соопшти гувернерот на Илиноис, Брус Ројнер. Водата се повлекува од...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...