fbpx

Хондурас прогласи вонредна состојба поради вирусот зика

-

Владата на Хондурас прогласи вонредна состојба во земјата поради вирусот зика, со кој, како што се сомнева, за помалку од три месеци се заразиле 3.649 лица.

Министерката за здравство, Јолани Батрес, ги повика сограѓаните да ги исчистат домовите и заедниците, да ги отстранат надворешните контејнери со вода кои служат како место за размножување за египетските комарци, кои го пренесуваат вирусот зика.

Министерството за здравство наведува дека владата повторно го активира системот за управување со национални ризици за да ги координира напорите за спречување на ширењето на заразата.

Илјадници наставници, ученици, родители и јавни претставници почнале со расчистување на локациите каде се размножуваат комарците околу училиштата во земјата.

Објавата на владата на Хондурас е дадена набргу откако Светската здравствена организација вчера прогласи глобална вонредна ситуација поради ширењето на вирусот зика.

СЗО соопшти дека зика претставува општа опасност за јавното здравје во светот, поради што е неопходен итен и единствен одговор.

„Санофи Пастер“, разгранок на француската фармацевтска група „Санофи“, денеска објави дека почнува со истражување за производство на вакцина против вирусот зика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...