fbpx

Се повлекува водата во поплавените делови во Србија

-

Ситуацијата во поплавените подрачја во Србија е помирна и водата се повлекува, соопшти началникот на секторот за вонредни работи при српското министерство за внатрешни работи, Предраг Мариќ.

– Водата во поплавените подрачја се повлекува, а во средините каде постојат услови, водата се испумпува – рече Мариќ.

Тој оцени дека ситуацијата оди во насока на смирување, но додаде дека до крајот на пролетта треба се да биде во состојба на готовност.

Мариќ најави дека во текот на денот ќе бидат дефинирани кризните точки во земјата.

Вонредна ситуација е прогласена во Чачак, Нови Пазар, Краљево, Трстеник, Ариље, Лучане, Топола, Пожега, Бајина Башта, Иваљица, Рашка, Љиг, Рача, како и делови од териториите на општините Косјериќ и Пријеполе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.