fbpx
Таг: синдикат

таг: синдикат

ССНМ ќе го поддржи Маршот за женски права поради дискриминација на новинарките

Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија (ССНМ) ќе даде поддршка и ќе му се приклучи на Маршот за женски права, во организација на Платформата за родова еднаквост, кој ќе се одржи утре, во 12 часот, пред споменикот „Олимпија“ на плоштадот „Филип Втори“. Маршот е за еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и за должно почитување.- На 8 март 1977...

Вработените од „Југохром“ третпат го блокираа автопатот Тетово – Скопје

Владата да донесе одлука фабриката да работи, а менаџерскиот тим на компанијата да продолжи со изградба на филтер-станицата, побараа вработените од „Југохром“ преку денешната блокада на автопатот Тетово - Скопје кај Желино, која траеше околу два часа. Од синдикатот на „Југохром“ најавија дека утре ќе остварат средба со премиерот Емил Димитриев. Велат дека од одлуката на владата ќе зависи нивната судбина. - Од премиерот...

Вработените во „Југохром“ в четврток повторно ќе го блокираат патот Тетово – Скопје

Синдикатот на „Југохром“ в четврток ќе организира нов протест поради, како што велат од синдикалната организација, неоправданото исклучување на печките на фабриката. Вработените во „Југохром“ ќе го блокираат регионалниот пат Тетово - Скопје, кај наплатната рампа Желино, во двата правци, а за време на протестот ќе ги соопштат своите барања. „Југохром“ престана со работа на 31 октомври минатата година, откако инспекторатот...

Поддршка за новинарите во МПМ од синдикатите на Црна Гора, Хрватска и на Србија

Синдикатите на новинари на Црна Гора, Хрватска и на Србија изразија целосна солидарност и поддршка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и на новинарите на „Утрински весник“, „Дневник“ и на „Вест“, трите дневни весници на фирмата „Медиа принт Македонија“, кои штрајкуваат од 17 февруари годинава поради неисплатени плати, придонеси и хонорари, како и поради избегнувањето на управата...

Полицискиот и воениот синдикат повторно протестираа во Белград

Полицискиот и воениот синдикат денеска повторно организираа протест во центарот на Белград во обид да го свртат вниманието на тешката социјална положба на вработените во полицијата и во војската и, како што велат од синдикатите, колапсот на системот за безбедност. Протестот симболично беше организиран во една минута до 12 часот, пред зградата на владата на Србија, а помина без инциденти...

Подобри услови и поголеми плати за текстилните работнички, бара здружението „Гласно“

Вработените во конфекциите во Штип, иако е неработен ден, по повод државниот празник 8 Декември - Денот на Св. Климент Охридски, денеска беа на своите работни места. Поради ова штипското здружение „Гласно“ организираше протест на кој симболично на транспаренти беа поставени работнички мантили. Протестот, како што велат од здружението, е обид да се крене гласот против условите во кои работат...

Синдикатот на војската протестираше во Белград

Синдикатот на српската војската денеска одржа протест во центарот на Белград поради тешката социјална и материјална положба во која се наоѓаат припадници на војската. Протестот на кој се собраа околу 2.000 луѓе беше подржан и од синдикатот на полицијата, а заврши со марш до претседателството на Србија каде што беше оставено писмо за претседателот Томислав Николиќ, кој е врховен командант...

Неделков: Се прави хајка против СОНК за да се разбие единството на синдикатот

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија е цел на напади и на организирана хајка од страна определени медиуми и политичка партија, кои имаат цел да го разбијат единството на синдикатот, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков. - Во изминатите седмици, наша проценка и тврдење е дека врз СОНК се врши организирана, диригирана и оркестрирана хајка за...

СОНК: СДСМ го урива нашиот углед

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) обвини дека СДСМ прави повреда на уставно загарантираното право на синдикално организирање и активност, а во исто време со притисоците што ги врши врз СОНК прави кривично дело. „Вчудоневидува фактот што потпретседател на СДСМ преку прес-конференција, одржана на 23 септември, вршеше невиден напад врз најголемиот синдикат во државата, а на протестот организиран од страна...

Штрајкот на синдикатите ја парализираа Белгија

Штрајкот на синдикатите во Белгија, организиран поради владините мерки за штедење, создаде хаос во јавниот сообраќај во целата земја, затворени се фабриките, а нарушена е и работата на најголемиот аеродром. Белгискиот аеродром ги посоветува своите клиенти да патуваат само со рачен багаж, затоа што штрајкуваат работниците кои се задолжени за товарот. Белгискиот јавен превоз функционира со 75 отсто капацитет. Денешниот штрајк е...

ССНМ: Менаџментот на „Телма“ да ја измени одлуката за отпуштање новинари

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) целосно се солидаризира со колегите на кои им се заканува отпуштање во телевизија „Телма“ и апелира до менаџментот да ја измени одлуката која ќе има негативни последици не само врз имиџот на телевизијата, туку и врз севкупната состојба во медиумската индустрија. „ССНМ информира дека по еднострано донесената одлука на раководството на куќата,...

„Телма“ ќе разгледа дали има можности да се задржат новинарите на работа

Раководството на „Телма“ и синдикатот на телевизијата се договориле да се разгледаат сите можности со кои не би имало потреба од отпуштање на вработени, било одлучено на попладневната средба, изјави новинарката Виолета Зајкова, синдикален претставник. - Се договоривме да се види дали на овие луѓе може да им се најде друго работно место во телевизијата, да се види дали оние што се...

Судската администрација од утре стапува во штрајк

Синдикатот на работниците од управата, правосудните ограни и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска соопшти дека штрајкот во судовите, кој двапати беше одложуван, ќе почне утре и ќе трае сè до исполнувањето на нивнита барања, пренесува порталот „Нова ТВ“. Од УПОЗ бараат повисоки плати и исплата на додатоци во висина од 35 отсто за судските службеници. „УПОЗ и Здружението за судска администрација, за да...

В сабота протест на Синдикатот на одбраната

В сабота, Синдикатот на одбраната и безбедноста ќе протестира поради неисполнување на нивните барања за зголемување на платите за 20 проценти и изедначување на висината на дневницата со припадниците на полицијата. Протестот ќе се одржи пред Министерството за одбрана и пред Владата, а ако не се исполнат нивните барања, ќе штрајкуваат во институциите што ги опфаќа Синдикатот на одбрана и...

Синдикалци и граѓански здруженија протестираа за подобри работнички права

Неколку стотици граѓани по повод Денот на трудот се собраа на протест против погазувањето на правата и достоинството на работниците. Тие побараа поголеми работнички права и повикаа на здруженост во борбата за подобри услови за работа. Со транспренти на кои беше испишано „Работниците не се робје“, „Нема работнички права нема мир“, „Работници и студенти обединете се“ протестот го започнаа во...

24-часовен штрајк на грчката администрација

Грчката администрација денеска излегува на протест и одржува 24-часовен штрајк во знак на незадоволство за новите реформи во пензискиот и во здравствениот систем, како и за даночните реформи што ќе донесат нов финансиски товар врз грчкиот народ. Протестот го организира еден од работничките синдикати, АДЕДИ. Кон штрајкот и протестот низ атинските улици покрај административците, се приклучуваат и наставниците и професорите, контролорите...

Од утре во Грција штрајкуваат лекарите, новинарите и административците

Грчката администрација утре излегува на 24-часовен штрајк и протест против новите владини мерки за здравственото и пензиското осигурување, но и поради новите планови за зголемување на даноците. Протестот го организира синдикатот АДЕДИ, а кон него се приклучува и синдикатот на новинари поради што во Грција утре ќе има медиумски мрак. Со проблем ќе се соочат сите што планираат да патуваат со...

Судските работници најавија тридневен штрајк

Судските и правосудните работници од среда до петок ќе штрајкуваат, но не предупредувачки, туку целодневно, а в петок ќе протестираат пред Собранието, Министерството за правда и пред Владата на Македонија. Од Здружението на судската администрација на Република Македонија велат дека преговорите со претставниците на Министерството за правда и на Судскиот совет ги прогласиле за неуспешни, бидејќи тоа што го договарале и...

Новинарските здруженија и организации прашуваат зошто пропаднаа преговорите за медиумите

Средба со претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино бараат Здружението на новинари, Синдикатот на новинари, Македонскиот институт за медиуми, Советот за етика на медиумите и Институтот за комуникациски студии. Тие од нив бараат објаснување зошто се пропаднати преговорите за медиумските реформи и ги повикаа политичките лидери да го...

Чаусидис: Се обидуваат да формираат паралелен новинарски синдикат

„Очигледно, во тек е акција за формирање паралелна организација која, по теркот на МАН, треба да биде пандан на автентичната медиумска организација, во случајов ССНМ, и да ги релативизира работите. Станува збор за добро проверен метод на криминална злоупотреба на демократските форми, нешто што со години наназад гледаме дека се случува“, изјави Тамара Чаусидис, претседателка на Самостојниот синдикат на...

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...