четврток, 14 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: синдикат | 78 резултати

Синдикатот на културата и Алаѓозовски се жалат на лошите закони на претходната власт

март 7, 2018

На две прес-конференции денеска, Синдикатот на културата и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, се пожалија на „лошите закони од претходната власт“. Синдикатот на културата се пожали и дека новата власт во изминативе месеци се уште не променила ништо во однос на тие закони, а нејзината намера да спроведува некои законски одредби само ќе ги продлабочи […]

СОНК: Државните пари се трошат нефукционално

февруари 13, 2018

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија (СОНК), се огласи со реакција на распределба на буџетските пари во културата на граѓанските организации. Велат дека станува збор за нефукционално трошење државни пари во дел од проектите. „Всушност со ништо не ја отсликуваат, презентираат или воздигнуваат културата во Република Македонија, особено не преку финансирање […]

СНП: Барањата на СОНК се легитимни, СОНК нe

јануари 15, 2018

Иницијативниот одбор за формирање на Синдикат на Наставнички пленум (СНП) реагира на најавата на Синдикатот на вработените во образованието, науката и културата (СОНК) да организира штрајк пред Министерството за образование и наука, велејќи дека иако барањата на штрајкот под патронат на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) се легитимни, но СОНК не е. „Протестира СОНК, под […]

Независниот синдикат на полицијата протестираше за повисоки плати

ноември 4, 2017

Независниот синдикат на полицијата (НСП) одржа мирен протест со колона автомобили низ улиците на Скопје и прес-конференција пред Влада на РМ. Мото-маршот почна од Министерството за земјоделството, покрај Министерството за правда за да заврши пред Владата, каде прес-конференција одржа претседателот на НСП, Гоце Делчев-Тодев. „Како Синдикат кој се грижи за своите членови, како и за […]

Синдикатот на „Фени“ не прифаќа стечај

октомври 31, 2017

Синдикатот на „Фени“ не прифаќа стечај и најави дека со штрајкови ќе ги блокира и судот и банките ако дојде до тоа, јавува „Сакам да кажам“. Вчера трите најголеми доверители на металуршкиот гигант, „Комерцијална банка“, „Стопанска банка“ – АД Скопје и „Силк роуд банка“ до надлежниот суд во Велес поднеле предлог за почнување стечајна постапка […]

Војниците се сретнаа и со Заев и од него побараа подобрување на нивниот статус

август 23, 2017

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со Независниот синдикат на професионалните војници, при што тие го информирале за стандардот на вработените професионалци во Армијата на Република Македонија и побарале поддршка од владата за подобрување на социјалниот статус на професионалните војници. На средбата било разговарано и за законската обврска, според која, државата е обврзана да обезбеди вработување на професионалните […]

Работниците на аеродромите во Шпанија најавуваат штрајк

август 16, 2017

Работничкиот синдикат на шпанската компанија за управување со аеродромите „Аена“, денеска најави дека ќе штрајкува 25 дена поради немање напредок во преговорите за поголема плата за вработените и подобри работни услови. Доколку наредните недели не се постигне напредок, штрајковите ќе почнат од средината на септември и ќе бидат организирани за викенди и во деновите кога се […]

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ го окупираше синдикатот

август 16, 2017

СДСМ стави рака врз синдикатот кој треба да ги штити интересите на вработените. Додека граѓаните чекаат просечна плата од 30.000 денари и минимална плата од 16.000 денари, СДСМ наместо да го испорача ветувањето, го презема синдикатот за да се осигура дека ќе биде задушен секој револт од катастрофалните економски политики, обвини ВМРО-ДПМНЕ претпладнево. „Партиската полиција на […]

Компанијата „Фиат“ и синдикатот постигнаа договор, работниците го прекинаа штрајкот

јули 25, 2017

Раководството на компанијата „Фиат“ и синдикатот потпишаа договор со што се стави крај на штрајкот во фабриката во Крагујевац. За време на разговорите било договорено зголемување на платите во согласност со стапката на инфлација, која ја проектирала Народна банка на Србија за наредните три години. Исто така, било договорено исплата на новогодишен бонус во август, […]

„Фиат“ на вработените во Крагуевац им понуди зголемување од девет отсто, синдикатот прифати

јули 24, 2017

Менаџментот на „Фиат“ на работниците во фабриката во српскиот град Крагуевац им понуди зголемување на платата од девет отсто, а синдикатот тоа го прифатил, јави Радио-телевизија на Србија. Понудата која е дадена на синдикатот, а денеска ќе биде проследена на вработените во компанијата „Фиат Крајслер автомобили Србија“ е за зголемување на бруто-основицата од сегашните 38.500 […]

Синдикатот на „Југохром“ бара нова средба со Заев

јули 17, 2017

Синдикатот на компанијата „Југохром“ бара нова средба со премиерот Зоран Заев, бидејќи, како што велат оттаму, сè уште ништо не е реализирано од претходниот состанок помеѓу нивните претставници и Владата, што се одржа на 18 јуни оваа година. Од синдикатот велат дека сакаат да бидат информирани од премиерот за „моменталната состојба и за неговото видување на […]

Заев, Анѓушев и Спасовски разговарале со претставници на синдикатот на „Југохром“

јуни 18, 2017

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерите Кочо Анѓушев и Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и претставникот од Министерството за животна средина, Лирим Шабани, на денешната средба со претставниците на синдикатот на работници во комбинатот „Југохром“, Бајрам Амити и Светислав Спасовски, како и со генералната секретарка на СИЕР, Маре Анчева, разговарал за можноста […]

Синдикатот на културата од новата влада бара нов закон за култура

јуни 5, 2017

Синдикатот на култура на Република Македонија денеска упати низа барања до новата власт, за кои рече дека драстично ќе ги сменат лошите околности во кои е западната културата во земјава. На прес-конференција во МОБ, синдикатот побара замена на сегашниот Закон за култура со нова законска рамка по урнекот на европските земји, како и изземање на […]

Внатрешна контрола самостојно ќе одлучува за настаните од 27 април, порача МВР

мај 20, 2017

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија денеска го поздрави повикот на Полициски синдикат за правично и непристрасно утврдување на фактите насилството во Собранието на Македонија и додаве дека ќе ја почитува автономијата на Одделот за внатрешна контрола. „Министерството високо ги цени ваквите сугестии и потенцира дека секогаш било и ќе биде на страната на […]

Полицискиот синдикат бара командна одговорност за настаните во Собрание

мај 20, 2017

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Ацо Антовски денеска побара командна одговорност, правична и поединечна истрага за насилствата во Собранието. Ваквото барање доаѓа по суспендирањето на 16 полициски службеници поради несоодветното дејствување за време на нередите во претставничкиот дом. – Апелираме до Министерството за внатрешни работи своите надлежности да ги извршува темелно и правично во согласност […]

Синдикален протест утре во 12 часот

април 30, 2017

Синдикатите и здруженијата што ги штитат работничките права за утре, 1 Мај – Денот на трудот, во 12 часот, најавија голем синдикален протест на кој ќе ги истакнат нивните барања кои треба итно да бидат прифатени од страна на надлежните власти. Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и на здруженијата за заштита на работничките права […]

„Југохром“: Филтер-страницата би била готова за 8 месеци ако Владата ни дозволи да работиме

април 26, 2017

Денеска почнаа градежните активности за бетонирање на темелите на системот за отпрашување на комбинатот „Југохром“, чија изградба претставува услов поставен од Владата за овој некогашен гигант да продолжи со работа. Активностите почнаа во присуство на раководството и на синдикатот на „Југохром“. Оттаму истакнаа дека филтер-станицата со сигурност би ја изградиле во наредните осум месеци, доколку централната власт […]

Вработените во „Југохром“ бараат средба со Ахмети

април 7, 2017

Вработените во „Југохром Алзар“ бараат средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за да се разгледа можноста за фабриката во Јегуновце да почне повторно да работи. Во нивниот допис до Ахмети се вели дека средбата ја бараат од две причини. „Цврста определба од сопственикот на компанијата дека ќе инвестира во системот за отпрашување и во […]

ССНМ ќе го поддржи Маршот за женски права поради дискриминација на новинарките

март 7, 2017

Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија (ССНМ) ќе даде поддршка и ќе му се приклучи на Маршот за женски права, во организација на Платформата за родова еднаквост, кој ќе се одржи утре, во 12 часот, пред споменикот „Олимпија“ на плоштадот „Филип Втори“. Маршот е за еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и за должно почитување. […]

Вработените од „Југохром“ третпат го блокираа автопатот Тетово – Скопје

март 2, 2017

Владата да донесе одлука фабриката да работи, а менаџерскиот тим на компанијата да продолжи со изградба на филтер-станицата, побараа вработените од „Југохром“ преку денешната блокада на автопатот Тетово – Скопје кај Желино, која траеше околу два часа. Од синдикатот на „Југохром“ најавија дека утре ќе остварат средба со премиерот Емил Димитриев. Велат дека од одлуката на владата ќе зависи […]

Страна 2 од 4