fbpx

Неделков: Се прави хајка против СОНК за да се разбие единството на синдикатот

-

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија е цел на напади и на организирана хајка од страна определени медиуми и политичка партија, кои имаат цел да го разбијат единството на синдикатот, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

– Во изминатите седмици, наша проценка и тврдење е дека врз СОНК се врши организирана, диригирана и оркестрирана хајка за разбивање на единството во СОНК и за намалување на јачината на оваа синдикална организација. Одредена политичка партија неколкупати преку прес-конференција да се меша директно во работењето на нашата синдикална организација и да кажува невистини, лаги, шпекулации и инсинуации – вели Неделков.

Раководството на СОНК обвини дел од медиумите дека намерно шират лаги едека, наводно, професорите во средно образование две години добивале плата пониска за 75 евра. Неделков рече дека поранешен член на СОНК направил погрешна пресметка на платите во средното образование и пласирал невистини во јавноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...