Подобри услови и поголеми плати за текстилните работнички, бара здружението „Гласно“

-

Вработените во конфекциите во Штип, иако е неработен ден, по повод државниот празник 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски, денеска беа на своите работни места. Поради ова штипското здружение „Гласно“ организираше протест на кој симболично на транспаренти беа поставени работнички мантили.

Протестот, како што велат од здружението, е обид да се крене гласот против условите во кои работат конфекциските работнички. Во стотина конфекции во Штип на празник редовно се работи, а доколку не, тогаш се одработува во неделите, бидејќи сабота за нив е редовен работен ден.

Здружението „Гласно“ побара и измени во законот, со кои ќе се промени износот на минималната плата, која е најмала кај вработените во текстилно-кожарската индустрија.

– Минимална плата во текстилната и кожарската индустрија изнесува 9.000 денари, а во сите останати 10.080 денари. Бараме бришење на членот 2 од Законот за минимална плата, каде нормираниот учинок е подлога за злоупотреба на работниците од овие две гранки и на работодавецот му се дава право да исплаќа плата помала од минимално утврдената – рече Кристина Ампева од здружението „Гласно“.

Од здружението побараа и формирање на надворешен граѓански синдикат, кој ќе биде воден од работниците, а не како досега, тие да бидат претставувани од работодавците.

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се занимава со...

Предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи

Секторот за внатрешни работи-Тетово ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие...

Кривична за полицаец, злоупотребил потпис на раководител на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  при Министерството за внатрешни работи,  до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела...

Сè уште нема абер од ветените народни канцеларии на претседателката Сиљановска

Сиљановска-Давкова меѓу примарните цели за кои ќе се залага како претседател, ветуваше дека првото што ќе го направи ќе биде враќањето кај граѓаните преку повторно отворање на народните канцеларии. Граѓаните во...

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се...