fbpx

Синдикалци и граѓански здруженија протестираа за подобри работнички права

-

Неколку стотици граѓани по повод Денот на трудот се собраа на протест против погазувањето на правата и достоинството на работниците. Тие побараа поголеми работнички права и повикаа на здруженост во борбата за подобри услови за работа.

Со транспренти на кои беше испишано „Работниците не се робје“, „Нема работнички права нема мир“, „Работници и студенти обединете се“ протестот го започнаа во 18 часот пред Домот на градежници по што се упатија кон Собранието, Сојузот на синдикати на Македонија и Владата.

– Оваа повелба за солидарност е потпишана од синдикати и здруженија на граѓани кои решија дека одбележувањето на 1 мај треба да биде на улица со протест за барање на нови права, за заштита на постоечките права и да се слушне гласот на работниците. Сакаме да порачаме дека ние се уште сме тука и дека нашите права постојано се газат – вели Трпе Дејановски од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ).

Протестот го организираше Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за работнички права, а го поддржаа Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС), Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Левичарското движење Солидарност, Движењето за социјална правда Ленка, Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ), Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО), Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), Независниот академски синдикат (НАКС) и Младинската организација Мугра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...