петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: синдикат | 78 резултати

Нов генерален штрајк во Грција

декември 3, 2015

Грчките работнички синдикати денеска излегуваат на 24-часовен штрајк во Грција во знак на незадоволство од владините мерки за штедење. Членовите на двата најголеми работнички синдикати, АДЕДИ и ГСЕЕ, и синдикатот на Комунистичката партија, ќе ја парализираат работата на јавната администрација и ќе ги исполнат улиците на Атина со барање владата да не дозволи да поминат […]

Масовно се потпишуваат истапници од СОНК во Битола

октомври 20, 2015

Масовно се земаат истапници од СОНК во Битола, тврдат членови на синдикатот од образованието. Вработените во битолското образование изминатите неколку дена го откажувале членството и веќе не сакале да плаќаат членарина на синдикатот, на чие чело е Јаким Неделков, бидејќи не ги исполнил ветувањата пред штрајкот и со прекинот на штрајкот. Овој месец регионалната организација на […]

„Цивил“: ССМ ја брани власта од работниците

септември 30, 2015

Работничките права во Република Македонија се под финансиско-бирократските чизми на власта кои синдикалните моќници послушно им ги полираат, оценуваат од „Цивил“. „Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) е мало приватно царство на неколкумина верни послушници на власта кои, без трошка совест, живеат како султани од тешко заработените пари на своите членови со една цел: да […]

Царовска: Исклучувањето на Мултиетничкиот синдикат за образование е по налог на првиот човек на ССМ

септември 25, 2015

„Последните настани на синдикалната сцена во Македонија дополнително го разнебитуваат синдикалното организирање. Тоа е на директна штета на работниците и на борбата за нивните работнички права. Ударот врз синдикалното движење, со исклучувањето на Мултиетничкиот синдикат за образование, доаѓа по налог на првиот човек на ССМ“, вели Мила Царовска, претседателка на комисија за труд и социјална […]

МПМ ги намали платите, новинарите излегоа на протест

септември 1, 2015

Новинари од редакциите на трите дневни весници во издание на „Медиа принт Македонија“ („Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“) денеска, точно напладне, излегоа на протест пред просториите на компанијата за да го искажат своето незадоволство и револтот од одлуката на менаџментот да ги намали платите на вработените. Одлуката стапила на сила денеска, а со неа скалесто се […]

К-15 нема да биде задолжителен

јули 14, 2015

Регресот за годишен одмор, односно К-15, повеќе да не биде задолжителен, договорија денеска Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавци. Во согласност со договорот, исплаќањето на К-15 ќе зависи дали тоа е утврдено во договорот меѓу вработените и работодавците.

Ирена Ристиќ: Зошто сум неподобна да бидам претседател на синдикатот на Драмски?

јуни 11, 2015

Актерката Ирена Ристиќ, која вчера беше прогласена за неподобна да биде претседателка на синдикалната организација на Драмскиот театар, денеска во 13 часот до СОНК ќе поднесе барање да ѝ се достави записник од седниците на кои била избрана за претседател на синдикатот, како и од таа седница на која се решавало да се поништи нејзиниот […]

Миленковски е претседател на синдикатот на Драмски, Ристиќ прогласена за неподобна

јуни 9, 2015

Режисерот Сашо Миленковски е избран за претседател на Синдикатот на Драмски театар откако СОНК  ја прогласил актерката Ирена Ристиќ за неподобна, објави актерката на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“. Претходно Ристиќ беше избрана за синдикален претставник на состанок на кој беше предложена од шестмина, а на кој ја изгласале вкупно 27 вработени. На вториот […]

Синдикат на култура: Дали СОНК нешто направил за вработените?

април 16, 2015

„Зачудува фактот што Синдикатот на образованието излегува со соопштение дека ја застапува културата и се бори за неа. За жал, изминатава деценија, вработените во културата имаат длабок впечаток дека се само буквата К во нивното име. Постоењето на хибриден синдикат во кој неприродно се врзани образованието и културата е незамисливо во 21 век. Впрочем и практиката […]

Машиновозачите го прекинаа бојкотот

април 5, 2015

Членовите на Независниот синдикат на машинскиот персонал утринава одлучија да го прекинат еднонеделниот бојкот, иако раковдоството на „Македонски железници – Транспорт“ не ги исполни барањата на машиновозачите, пренесува телевизија „Телма“. Дел од машиновозачите биле против прекин на бојкотот, но мнозинството гласало за спротивното. Главна причина за ваквиот епилог се решенијата за суспензија и за намалување на […]

Трет ден не работат рударите во Тораница и во Злетово

март 6, 2015

Со целосна рударска опрема, но во кругот на рудниците, и денеска се рударите на „Индоминерали и метали“. И понатаму трае прекинот на работата во Злетово и во Тораница, во исчекување на јануарската плата. Според синдикатот, на четврти март им биле исплатено авансно по 5.000 денари за јануарската плата. Тие побарале целносно да им се исплати платата […]

Штрајк го парализраше Брисел

декември 8, 2014

Штрајкот на работниците целосно го запре јавниот превоз во Брисел и спречи десетина илјади луѓе да одат на работа. Автобусите, трамвајот, метрото и железницата не сообраќаат од 6 часот утрово, а членовите на синдикатот ги блокирале магистралните патишта што водат до главниот град на Белгија. Штрајкот е дел од серијата протести кои се одржуваат секој понеделник […]

Повелба за солидарност: Да се одложи плаќањето на придонеси за хонорарците

декември 4, 2014

Да се одложи законот за плаќање придонеси за задолжително социјално осигурување за хонорарците, бараат потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и на здруженијата за заштита на работничките права. Тие сметаат дека ако се донесе, овој закон дополнително ќе ги намали правата на работниците. Оттаму велат дека не се против тоа да се плаќаат придонеси […]

Штрајкуваат наставниците во Србија

ноември 17, 2014

Денеска во Србија штрајк најавија четирите најголеми синдикати во сферата на образованието. Според најавеното, часовите ќе бидат скратени на 30 минути. Синдикатите, кои штрајкуваа и во септември и во октомври, бараат да бидат изземени од одлуката за намалување на платите. Организаторите очекуваат повеќе од илјада училишта да го поддржат штрајкот. Тие тврдат дека штрајкот ќе трае до […]

Страна 4 од 4