fbpx
Таг: реки

таг: реки

„Животи обликувани од вода“ – изложба со дела на седум фотографи од регионот

Овој четврток од 19 часот ќе се одржи изложбата „Животи обликовани од вода" во галеријата на Културниот информативен центар во Скопје, информираат од „Еко-свест“. На изложбата ќе се претстават дела на седум фотографи од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Србија. Проектот е дел од иницијативата „Заедно за реките”, која цели да заштити повеќе од 400 километри реки...

„Еко свест“ ќе ги истражува штетите од каскадите по сливот на Пчиња

Центарот за истражување и информирање на животната средина „Еко-свест“ ќе работи на научно истражување во сливот на реката Пчиња, преку кое треба да се дојде до одговори колку се потребни или колку се штетни каскадите кои се градат во реките како застарени механизми за заштита од поплави и за формирање рибници. Како што информираат од организацијата, за време на теренските...

Реките ни се богатство, а ги уништуваме без никаква заштита, апелираат научници и екологисти

Македонските реки да се вклучат во Емералд мрежата и на тој начин да добијат вистинска заштита, апелираат од организацијата „Еко свест“. Барањето за зачувување на речното богатство деновиве беше упатено од група на научници и невладини организациии од 11 земји, меѓу кои и земјите од Западен Балкан, потписници на Бернската конвенција. Тие објавија листа на 88 реки со кои...

Да се укинат субвенциите за мали хидроцентрали, а реките да останат слободни

Не нѝ требаат стандарди за рибни патеки, туку реките да ни останат слободни, апелира Анес Ахмети од село Жировница, кој заедно со своите сограѓани веќе неколку години се бори да не се изградат мали хидроцентрали на Жировничка река. Субвенциите кои ги привлекуваат инвеститорите кон овие енергетски објекти мора да бидат укинати, бара и Ивица Аврамоски од село Локвица, кој...

Нова студија покажува: лековите се опасни загадувачи на реките во светот

„Загадувањето на реките во светот предизвикано од медицинските и фармацевтските производи претставува закана за околината и глобалното здравје“, откриваат податоците од новонаправена студија, пренесува Би-би-си. Во студијата спроведена од Универзитетот Јорк во Англија, како главни загадувачи се наведени парацетамолот, никотинот, кофеинот и лековите наменети за епилепсија и дијабетес. Најазагадени во светот се реките во Пакистан, Боливија и Етиопија, додека со најдобра...

По пожарите летово, сушниот период ги сведе на минимум водостоите на реките и езерата

Водостоите на реките и езерата се сведени на минимум, како резултат на сушниот период што ја зафати земјава во изминатиов период. Со исклучок на реката Вардар кај Демир Капија и реката Струмица кај Сушево, на останатите 17 локации низ земјава на кои се врши мерењето, водостојот е помал од просекот за септември, покажуваат последните податоци на Управата за хидрометеоролошки...

Две третини од фекалиите што го создаваме и понатаму завршуваат непречистени во реките и подземните води [инфографик]

Во 2020 година немало напредок во делот на заштитата на водите во земјава од урбаните отпадни води. Две третини од фекалиите што се создаваат во населените места и понатаму завршуваат во реките и подземните води, без притоа да се пречистат. Поголеми пречистителни станици за отпадни води минатата година не профункционираа низ градовите во земјава, па така податоците на Државниот...

Нуркачкиот центар „Амфора“ предупредува дека Охридско Езеро се полни со отпад од четири реки (галерија)

Нуркачкиот центар „Амфора“ го реализираше успешно проектот „Подводна еко патрола”, чија цел беше да се откријат вливовите на реките преку кои најмногу се загадува Охридското Езеро со цврст отпад. Беа опфатени четири реки: Черава, Грашница, Далјан и Сатеска. „Состојбата со вливот на реките во езерото е алармантна. Овој проблем е одамна познат во пошироката јавност. Има присуство на големи количини...

„Еко-свест“: Малите хидроелектрани ги уништуваат шумите и релјефот, итно е потребна строга регулатива

На меѓународниот ден на акција за реките, 14 март, на кој се алармира за нивна заштита од деструктивните брани и хидроцентрали на глобално ниво, Центарот за истражување и информирање за животна средина објави анализа за влијанието на малите хидроелектрани врз геоморфологијата (релјефот) и шумите во нашата земја. Како што соопштуваат од „Еко-свест“, во истражувањето е анализирана и загубата на шумите...

Врнежите предизвикаа излевање на Вардар, Крива Река и Пчиња, во Гостивар водата забранета за пиење

Неколкудневните врнежи од дожд во земјава предизвикаа драстично зголемување на нивоата на реките. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат за локални излевања на реката Вардар кај Рашче, на Крива Река и Пчиња во кумановскиот регион, како и на водотеци во охридскиот и во битолскиот регион. Тие известуваат и за појава на заезерени површини на рамниците во Пелагонија и...

Граѓаните и екологистите предупредуваат: Малите хидроцентрали ѝ се закануваат и на Маркова река

Да престане уништувањето на водените ресурси заради изградба на мали хидроцентрали, апелираат од невладината орханизација „Еко свест“. Тие реагираат на последниот случај на, како што велат, уништувањето на горниот тек на Маркова река, заради изградба на мала хидроелектрана, за што деновиве на социјалните медиуми реагираа и многу жители на Скопје. Екологистите се децидни дека Владата мора да ги запре...

Лани сме испуштиле над 70 милиони метри кубни фекалии во реките и подземните води (инфографик)

Процентот на непречистени отпадни води испуштени директно во водотеците, подземните води и акумулациите лани се намалил за 4,7 отсто, но оваа статистичка бројка не го менува фактот дека најголемиот дел од фекалиите во земјава и понатаму завршуваат како непречистени во нашиот воден фонд. Од вкупното количество на испуштени отпадни води во 2019 година, 67,5 отсто биле непречистени, додека 32,5%...

Најголем дел од фекалиите што ги создаваме се влеваат непречистени во реките и езерата (инфографик)

И по изградбата на неколку пречистителни станици за отпадни води во земјава, најголем дел од фекалиите што ги создаваме се влеваат непречистени во нашите реки, езера, акумулации и подземни води. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека загрижувачки 72,2 отсто од вкупното количество на создадени отпадни води се влеваат непречистени во подземните и надземните води. Во 2018 година во...

Водостојот на Охридското Езеро и реките во границите на дозволеното

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, извршени утрово, нивото на Охридското Езеро се наоѓа на 693,38 метри надморска височина, што е за речиси 20 сантиметри под просекот за мај кој изнесува 693,66 метри надморска височина. Ниско е нивото на реките во сливот на езерото. Нивото на реката Сатеска измерено кај Ботун е 33 сантиметри под просекот за мај....

Со 160-те мали централи ќе ја бетонираме земјата, а нема да ја постигмене целта

Дури и да се изградат сите 160 мали хидроцентрали кои се планирани да бидат изградени во државата, Македонија нема да го достигне таргетот на ЕУ до 2020 година да произведува 25 проценти од енергијата од обновливи извори. Ова беше соопштено на денешната меѓународна конференција „Хидроенергетски проекти и заштита на природата – предизвици и решенија“, што се одржа во Скопје, во...

Кајакарење по бетонска река за подигнување на свеста за заштита на реките

Активистите утрово кајакареа по бетонската река пред Владата за да ја подигнат свеста кај јавноста за значењето на недопрената природа и прекрасните речни долини и кањони на Балканот. Еко-свест заедно со ФРОНТ 21/42 покренаа петиција за стопирање на изградбата на хидроенергетски проекти во заштитените подрачја низ Македонија која се уште е отворена за потпишување. „Во последните три дена Македонија беше дел од...

Нивото на Охридско и Дојранско Езеро над дозволениот максимум

Водостоите на поголем дел од реките во Македонија, се на над просечно ниво за јуни, а кај езерата над дозволениот максимум се Охридското Езеро со 11 саниметри и Дојранското Езеро со девет сантиметри, информираат од УХМР. „Денешните хидролошки мерења покажуваат дека под просекот за јуни се водостоите на Црна Река со 37 саниметри, Крива Река каде двојно е пониско нивото...

Нивоата на природните езера повисоки од вообичаено

Водостоите на трите природни езера и на речиси сите реки во земјава се повисоки од повеќегодишниот просек за јуни, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Исклучок се Крива Река на мерното место кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово, Црна Река кај Новаци и Сатеска кај Ботун. Нивото на Охридското Езеро е за 24 сантиметри повисоко од просечното за...

ЕЛЕМ: Струја произведуваме колку што е моќноста на хидроелектраните

ЕЛЕМ може да произведува електрична енергија преку хидроелектраните толку колку што е нивната моќност, се вели во реакцијата на компанијата, на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека се загубени половина милион евра поради ненавремено производство на струја на ХЕЦ Глобочица и ХЕЦ Шпилје. Во соопштението се додава дека „во години на големи дотеци, како што е оваа, производствените капацитети на ЕЛЕМ технички не...

Охридското езеро 26 сантиметри над дозволениот водостој

Нивото на Охридското езеро и денеска е 26 сантиметри над дозволениот максимален водостој. Зголемени се нивоата и на реките низ државата, освен на Крива кај Крива Паланка и на Црна кај Новаци. Нивото на Дојранското Езеро е три сантиметри под договорениот максимален водостој.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...