fbpx

„Еко-свест“: Малите хидроелектрани ги уништуваат шумите и релјефот, итно е потребна строга регулатива

-

На меѓународниот ден на акција за реките, 14 март, на кој се алармира за нивна заштита од деструктивните брани и хидроцентрали на глобално ниво, Центарот за истражување и информирање за животна средина објави анализа за влијанието на малите хидроелектрани врз геоморфологијата (релјефот) и шумите во нашата земја.
Како што соопштуваат од „Еко-свест“, во истражувањето е анализирана и загубата на шумите во Македонија, при што се покажува дека поголемиот дел од малите хидроцентрали се изградени во некои од најатрактивните речни долини, кои што извираат од исклучително високи планински венци, заштитени и значајни подрачја од највисоко значење. Такви се бројни анализирани случаи на Баба Планина, Шар Планина, Караџица, Бистра, Даутица, Кожуф и други планини. Како загрозени типови на релјеф се: флувијален, карстен, глацијален и денудациски релјеф, како дел од релјефниот мозаик на Македонија, кој што е поразновиден од многу земји со површина и 20 пати поголема од нашата.

„Според анализата, со ваквите објекти во голема мера, не само што е загрозен геодиверзитетот туку и речните долини се трајно променети. Засегнатите речни долини во иднина ќе имаат помало значење во геодиверзитетна смисла, односно целосно или делумно ќе го изгубат значењето како импозантни речни долини“, изјави Иван Радевски, еден од експертите кои ја изработија анализата.
Треба да се напомене дека загрозеност во големи површини нема, но формирани се поголеми обезшумени коридори по должината на цевоводите, со што е променет пределскиот лик на просторот и се фрагментирани еко-системите.
„Последиците од изградените објекти не се само моментални, туку и идни. Потребни се дополнителни анализи, како на пример, за промените во транспортот на седиментите во реките, флуктуациите на протокот во речните корита и проблемите со популациите на рибите. Еден од заклучоците на анализата е потребата од постојан мониторинг и посеопфатни анализи за влијанијата врз биодиверзитетот и геодиверзитетот на хидроцентралите“, посочи Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест.
И други анализи направени за влијанијата на малите хидроцентрали во државата досега покажаа дека не постои соодветна законска рамка и постапка која ќе го ограничи и елиминира ова штетно влијание, па така проектите продолжуваат да се градат во највредните подрачја, без контрола и санкција.
„Токму на меѓународниот ден на акција за реките повикуваме на посериозен и систематски пристап на надлежните институции за заштитата на нашите реки. Доколку не успееме да го заштитиме најшето највредно- чистата вода и недопрената природа, многу брзо ќе се соочиме со последици по нашето здравје. Затоа, повикуваме на што побрзо донесување на строга регулатива и нејзино доследно спроведување“, додаде Чоловиќ Лешоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...