петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: реки | 55 резултати

Водостоите на реките двојно повисоки за просекот во март

март 30, 2018

Водостоите на сите реки се зголемени, а двојно повисоки од денешниот просек за март се нивоата на Треска кај Македонски Брод и Сатеска кај Ботун. Според информациите на УХМР, пониски нивоа на водостоите има на Брегалница и Црна Река. Зголемувања на нивоата има и на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. УХМР за викендов најавува врнежи од […]

Нивото на Охридско Езеро се зголемува брзо, поради врнежите и топењето на снегот

март 15, 2018

Поради брзото топење на снегот, интензивните врнежи на дожд и високите температури, екипите на ЕЛЕМ се на терен, и го следат брзиот пораст на нивото на Охридско Езеро, информираше директорот на оваа институција, Драги Миноски. Тој додаде дека се преземаат потребните мерки во случај да продолжат ваквите временски прилики. – Работиме максимално за да го […]

Се намалува водостојот на реките, но е повисок од просекот за март

март 9, 2018

Водостојот на Вардар денеска е понизок од вчера, но се уште е над просекот за март, покажуваат најновите хидролошки мерења. Кај Јегуновце и кај Велес денеска нивото на Вардар е за 20 сантиметри пониско од вчера, кај Зајчев Рид е за четири сантиметри пониско. На исто ниво како вчера е водостојот на Вардар кај Демир […]

УХМР: Вардар излеан локално, внимателно движење покрај реките

март 7, 2018

Водостоите на реките се зголемени, а поради променливото време и честите промени на температурата, топењето на снегот продолжува со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од таму додаваат дека во горните текови на реките, се очекуваат постепени намалувања и стагнација, а низводно по теченијата, зголемување на водостојот. – Предупредуваме на внимателно движење покрај […]

УХМР: Можно зголемување на водостојот на реките во западните и јужните делови

февруари 13, 2018

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево соопшти дека по најавите за нови врнежи од дожд и снег и постудено време можно е извесно зголемување на водостоите на реките особено во западните и јужните делови, но не се очекува излевање. Зголемување на нивоата се очекува на реките Треска, Црна Река и Голема река во околината на […]

Водостоите на сите реки се уште се високи, информираат од УХМР

февруари 5, 2018

Врнежите и топењето на снегот од планинските предели предизвикаа покачувања на водостоите на целата територија на земјава, информираат од УХМР. Од таму додаваат дека и денеска, особени покачувања и излевања на водите има во сливовите на реките Вардар и притоките во горниот тек, Треска и нејзините притоки, Радика, Црн Дрим, Сатеска, Голема река, Црна река. […]

Црна река го поплави Бараковско Поле и населени места во Демир Хисар

февруари 5, 2018

Обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на голем број реки, кои поплавија  населени места во Тетово, Кичево, Македонски Брод, Демир Хисар. Вчера, Црна река во демирхисарско се излеа од своето корито и го поплави Бараковско Поле. Градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски информираше дека синоќа во соработка со месното население и ЈКП „Комуналец“, го расчистиле свлечиштето што […]

Можни се излевања на реките, сообраќајот на неколку правци е отежнат

февруари 4, 2018

Поради свлечиште на патниот правец Кичево – Битола кај село Белица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, а екипите на ЈП „Македонија пат“ со механизација работат на расчистување и нормализација на сообраќајот, информираат од АМСМ. Од таму додаваат дека, сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, помеѓу селата Подвис и Попоец се одвива по […]

Намалени водостоите на реките

јануари 8, 2018

Водостоите на реката Вардар кај Јегуновце и на Сатеска кај Ботун се за повеќе од четири пати пониски од вообичаениот за јануари, а речиси тројно пониско ниво од просечното има и Црна Река кај Новаци. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), понизок водостој од вообичаениот имаат речиси сите останати реки во Македонија, со […]

УХМР: Водостоите на реките под просекот за јануари

јануари 4, 2018

Водостоите на реките Вардар кај Јегуновце, Сатеска кај Ботун и на Црна Река кај Новаци се повеќе од двојно пониски од просекот за јануари, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Водостоите на речиси сите реки се пониски во однос на вчера, а зголемување на водостоите има на Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања, […]

ДЗС: Излеаната вода од реките се повлекува, водостојот се нормализира

декември 3, 2017

Водостојот на реките е во опаѓање, а водата на излеаните места веќе почнува да се повлекува, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Од дирекцијата додаваат дека од страна на единиците на локална самоуправа и на јавните комунални претпријатија, преземени се сите активности за нормализација на состојбата со излевањето на водотеците. Според ДЗС, во моментот […]

УХМР: Водостојот на реките се намалува

декември 3, 2017

Водостојот на реките постепено се намалува и се очекува тоа да продолжи во текот на денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Зголемување на водостојот има само на две места на Вардар и на Црна Река. Според мерните станици на УХМР, од просекот за декември за трипати е зголемен Вардар кај Велес, каде водостојот изнесува […]

Поради поплави, евакуирани повеќе од 100 семејства во Албанија

декември 2, 2017

Врнежите во Албанија предизвикаа излевање на реките и поради тоа евакуирани се повеќе од 100 семејства, 120 километри југозападно од Тирана, соопшти Министерството за одбрана на Албанија. Официјалните лица наведоа дека поплавени се 3.334 куќи, како и 3.016 хектари земјоделско земјиште. Невремето остави 23.000 луѓе без струја, а летовите од аеродромот во Тирана се откажани. […]

Неколку патни правци се непроодни поради врнежите, магла на Стража и на Плетвар

декември 2, 2017

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а дожд со слаб интензитет врне во западниот дел од земјата, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Намалена видливост поради магла, од 50 до 100 метри, има на планинските превои Стража и Плетвар. Според информација од ЈП „Македонија пат“, на патниот правец Маврово – Галичник, 100 метри пред Царева […]

Обилните врнежи го зголемија водостојот на сите реки

декември 2, 2017

Обилните врнежи од дожд го зголемија водостојот на сите реки во земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Двојно е зголемено нивото на реките Вардар, Треска, Крива Река и Сатеска, а над просекот за ноември е водостојот на реките Пчиња, Брегалница, Црн Дрим и Црна Река. Кај езерата, минимално е зголемено нивото на  Дојранско Езеро, додека […]

УХМР предупредува на можно излевање на Радика, Црн Дрим, Сатеска и на Вардар

декември 1, 2017

Врнежите во последните 24 часа ги зголемија нивото на сите водотеци во Македонија, а особено на реките во западниот дел на земјата, велат од УХМР. Според податоците на Управата, најголеми промени на водостојот има на реките Радика кај Бошков мост, Сатеска кај Ботун и на Вардар кај Јегуновце, а продолжувањето на врнежите може да доведе […]

Зголемен водостојот на Вардар, Брегалница и на Дојранско Езеро

ноември 18, 2017

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрирала повисоки водостои во однос на просекот за ноември на реката Вардар кај Зајчев Рид, Велес и кај Демир Капија, како и на реката Брегалница кај Берово. Регистриран е значително зголемен водостој и на Дојранско Езеро, додека нивоата на Охридско и на Преспанско Езеро се во рамки на просекот за […]

УХМР: Драстично намалени нивоата на неколку реки во Македонија

октомври 8, 2017

Нивоата на реките Црн Дрим кај Ложани и на Вардар кај Јегуновце се петпати пониски од просекот за октомври, покажаа резултатите на денешното хидролошко мерење на УХМР. Според мерењата, намалување на водостоите бележат и Вардар кај Зајчев Рид, Црна Река кај Новаци, Сатеска кај Ботун, Крива Река кај Крива Паланка, Треска кај Македонски Брод и […]

УХМР: Нивото на Охридското Езеро е шест сантиметри над дозволениот минимум

март 5, 2017

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека нивото на Охридското Езеро е шест сантиметри над дозволениот минимум, а водостоите на реките се под просекот за март. Според УХМР, водостојот на Вардар е најнизок на мерното место кај Демир Капија и е 60 сантиметри понизок од вообичаениот за март, додека понизок водостој од 23 до 29 […]

Поради снегот и студот, прогласена вонредна состојба во 10 општини во Србија

јануари 9, 2017

Поради снегот и екстремно ниската температура, во Србија и понатаму на сила е црвениот метеоаларм, а во десет општини, во централниот и во јужниот дел на земјата, прогласена е вонредна состојба. Според податоците од Автомото-сојузот на Србија, големите снежни наноси и силниот ветер го отежнуваат сообраќајот, но и покрај ваквата состојба, сите патишта се проодни. […]

Страна 2 од 3