fbpx
Таг: парно

таг: парно

Поради ладното време, од утре повторно парно во Скопје

Грејната сезона во Скопје од утре ќе продолжи поради временските услови, соопшти ЕСМ. Од таму информираа дека се создадени услови за продолжување на грејната сезона, односно предвидена е средна дневна температура од 11 Целзиусови степени во текот на утрешниот ден. Снабдувањето со топлинска енергија по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена до 30 април...

Училиштата, фирмите и институциите од февруари ќе плаќаат за 35 отсто пониски сметки за парно

За околу 35 отсто ќе се намалат февруарските сметки за топлинска енергија за училиштата, деловните корисници и јавните институции, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). „Пониски сметки за парно ќе добиваат околу 1.200 потрошувачи приклучени на централно градско греење на ЕСМ снабдување, ЕСМ Енергетика, Скопје Север. Овие корисници трошат 20 отсто од потребните количини на топлинска енергија на ниво...

ЕСМ: Ако надвор е поладно, радијаторите дома ќе ви бидат потопли

Испораката на толинска енергија преку системот за централно греење со кој управува ЕСМ Снабдување со топлина, се одвива во согласност со одредбите од мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија и Правилата за снабдување со топлинска енергија одобрени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Ова е наведено во соопштението од ЕСМ, од каде што...

ЕСМ: Започна санацијата на цевководот под мостот Беласица

Успешно се отстранети оштетените цевки кои се дел од цевководот кај мостот Беласица и донесени се нови, чие поставување е започнато, информираа денеска од Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ). Од ЕСМ велат дека поставувањето на новите цевки и комплексна активност и бара сериозна посветеност и работа, а институцијата ветува максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок. Додека...

ЕСМ-Снабдување апелира зградите поврзани на парно да се подготват за новата грејна сезона

Потрошувачите, заедниците на сопственици на станови и управителите да проверат дали зградите се подготвени за грејната сезона 2023/2024, апелираше денеска ЕСМ-Снабдување со топлина. Од компанијата повикаа потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап до топлинските станици и да обезбедат довод на електрична енергија во подстаницата за да може испораката на топлинска енергија преку системот...

ЕСМ: Започна отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица”

Екипи на АД Електрани на Северна Македонија, денеска започнаа да го отстрануваат опожарениот топловод на мостот „Беласица”, кој беше оштетен пред околу два месеци, соопштија оттаму. Предвидено е, додаваат во претпријатието, демонтажата да се заврши во најкус можен рок, за во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 да има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија. Инаку мостот сè...

Исклучените корисници од парно мрежата, можат бесплатно пак да се вклучат до крајот на август

Понудата за бесплатно приклучување на централниот систем за топлинска енергија важи до 31 август, потсетуваат од АД „Електрани на Северна Македонија“. Оттаму информираат дека услугата ќе биде достапна за претходно исклучени потрошувачи каде што има техничка можност за приклучување. Од ЕСМ посочуваат дека откако тие ја презеле лиценцата за снабдување со топлинска енергија во Скопје, кон мрежата се приклучиле 1.640...

ЕСМ: Акција за бесплатно приклучување на парно за исклучените потрошувачи

До 31-ти август 2023 година, ЕСМ Снабдување со топлина нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи, информираат од компанијата. „Со цел да им овозможиме на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење, започнуваме акција за бесплатно приклучување за исклучените потрошувачи кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за централно греење“, се...

ЕСМ уверува дека се прават обиди да не поскапи струјата за домаќинствата што штедат

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски денеска најави дека се прават максимални напори од сите енергетски чинители и институции за да не дојде до покачување на цената на електричната енергија од јануари идната година. Ковачевски, на брифинг со новинарите, најави дека е можно и извесно намалување на цената на електричната енергија, за првиот и вториот блок, која ги опфаќа...

Ковачевски најави поевтина струја за училиштата, болниците и малите компании

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа на прес-конференција најави дека училиштата ќе имаат електрична енергија и дека јавните здравствени установи ќе имаат струја по поповолна цена од берзанската. Тој рече и дека парно за Скопјани ќе има. „Над 70 илјади компании и други правни субјекти со промет годишен до два милиони евра ќе добијат субвенционирана електрична енергија која е три пати пониска...

БЕГ: Немаме обврска да продолжиме со производство на топлинска енергија

„Балкан Енерџи Груп“ (БЕГ) – Производство смета дека нема ниту правен основ да располага со топланите, ниту обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона. Тие, исто така, сметаат дека немаат доволно финансии да набават гориво за производство на топлинска енергија. Ова го соопшти денеска компанијата откако викендов вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изјави дека...

Парното во Скопје поскапува од 14,18 до 16,31 проценти

Поскапува централното греење во Скопје. Регулаторната комисија за енергетика денеска соопшти дека од август годинава цената на парното за најголемиот дел од потрошувачите кои досега беа на мрежата на БЕГ, ќе се зголеми за 14,18 проценти. Парното од топланата Скопје Север ќе поскапи за 16,31 отсто, а топлинската енергија од Железара ќе биде поскапа за 15,5 отсто. Поскапувањето е...

Јануарските сметки за парно на скопјани ќе им бидат повисоки за 14 отсто

Од утре цената на парното ќе се зголеми во просек за 14 отсто. Новата цена ќе биде пресметана во јануарските сметки на граѓаните од град Скопје кои ја користат топлинската енергија од трите компании. Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) рече дека ова е враќање на нивото на цената на парното од 2018 година. „Со денешната...

РКЕ го задолжи БЕГ да испорачува парно-греење и кога температурата стигнува до 16 степени преку ден

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) ги одобри измените со кои се дополнуваат мрежните правила за дистрибуција на топлина со кои се предвидува зголемување на температурните граници при прекин на работа на топланите, информираат од таму. Измените следувале „со цел да се зголеми комфорот на потрошувачите приклучени на системот за централно греење кои во...

Грејната сезона започнува денеска

Поради падот на надворешната температура oд денеска започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува БЕГ, соопштија од компанијата. Согласно правилата за снабдување со топлинска енергија, испораката на топлинска енергија на потрошувачите може да започне и пред 15-ти октомври, но не пред 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот...

„Градски енергетски системи“ ќе ја гради дистрибутивната мрежа за гас во Скопје

На денешната владина седница се донесе одлука, на Град Скопје да му се даде на трајно користење, топловодната мрежа, со која ќе управува новоформираното претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас, „Градски енергетски системи“ (ГЕС). „Градот Скопје преку АД „ГЕС-Скопје“ ќе спроведува мерки за намалување на аерозагадувањето во градот кое е последица на затоплувањето на објектите, на среден рок...

Корисниците на парно од БЕГ оштетени за 6,66 милиони евра, МВР со кривични пријави за поранешна Регулаторна

МВР поднесе кривична пријава против поранешни членови на Регулаторната агенција за енергетика (РКЕ), поради издавање лиценца за работа на „Балкан енерџи груп“, кој е операторот што снабдува најголем дел од Скопје со топлинска енергија, но и поради тоа што овозможиле оваа компанија незаконски да дојде до поголем профит. Вкупната штета што со тоа им е нанесена на приклучените на парно...

Се намалува ДДВ-то за парното од 18 на пет отсто

Данокот на додадена вредност (ДДВ) на парно-греењето ќе се намали од 18 на пет отсто информираше денеска премиерот Зоран Заев по одржувањето на состанокот на Интересорската група за животна средина. „Намалувањето на данокот ќе значи и пониски сметки за парно греење за околу 11 отсто или за 220 денари месечно, односно 2.600 денари годишно. Намалувањето на данокот ќе биде дополнителен...

Од понеделник започнува новата сезона за парно-греење

Граѓаните и правните субјекти во Скопје кои се поврзани на централниот систем на топлинска енергија, од понеделник, 15 октомври 2018 година ќе почнат да добиваат топлинска енергија, сe до 15 април 2019, кога трае регулираниот период за редовна испорака, информираат од „БЕГ снабдување“. „Во рамките на овој период, испораката на топлинска енергија се врши по строго утврдени правила и дијаграми...

БЕГ: Потрошувачите да проверат дали зградите се подготвени за грејната сезона

Согласно законските прописи, грејната сезона може да почне секој ден по 01 октомври, доколку временските услови тоа го наложуваат. Од „Балкан енерџи“ информираат дека сите подготовки на системот за централно греење се направени и истиот е целосно подготвен за новата грејна сезона 2018/2019 година. „За да може грејната сезона да започне насекаде и навремено, неопходно е станарите да ги завршат проверките...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...