Јануарските сметки за парно на скопјани ќе им бидат повисоки за 14 отсто

-

Од утре цената на парното ќе се зголеми во просек за 14 отсто. Новата цена ќе биде пресметана во јануарските сметки на граѓаните од град Скопје кои ја користат топлинската енергија од трите компании.

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) рече дека ова е враќање на нивото на цената на парното од 2018 година.

„Со денешната одлука цената на парното практично се враќа на ниво од јули 2018 година. РКЕ во последните 9 години носеше одлуки со кои сметките за парно континуирано се намалуваат, освен една година кога останаа на исто ниво. Природниот гас е енергенс кој државата го увезува и неговите високи цени влијаат во цела Европа. Ги уверувам граѓаните дека во моментот штом се стабилизира цената на природниот гас одлуката ќе биде ревидирана“, изјави Марко Бислимоски и ги повика Градот Скопје и Владата да помогнат за покривање на дел од трошоците за топлинска енергија, за да не падне сè на товар на граѓаните.

Со одлуката во јули 2021 година цената на парното се намали во просек за 4.35 проценти. По ескалирање на енергетската криза во Европа со огромниот пораст на цените на природниот гас и електричната енергија, компанијата БЕГ, која стопанисува со најголем дел од топланите во градот, побара цената за топлинска енергија да се зголеми за дури 300 отсто. Во Скопје околу 60.000 потрошувачи се приклучени на централните системи за греење на трите компании.

 

„Кој е следен?“ повика на јавен собир утре на плоштад Македонија во Скопје

Движењето и иницијативата „Кој е следен?“ ги повикува сите граѓани на јавен собир кој ќе се одржи утре на 18ти март на плоштадот Македонија во Скопје со почеток од 18 часот. „Македонија...

МОН со препорака за учениците и родителите да не читаат многу вести за несреќата

Министерството за образование и наука вчера испрати три документи со насоки до средните и основните училишта, кои содржат насоки за училиштата и наставниците, за родителите, и насоки за водење час по...

ЕУ евакуира жртви со изгореници од смртоносниот пожар во Кочани преку механизмот за цивилна заштита

Во раните утрински часови на 16 март, избувна пожар во ноќен клуб во Кочани, при што 59 лица трагично го загубија својот живот, а повеќе од 155 беа повредени. Веднаш по...

Илјадници студенти се собраа на платото на УКИМ – министерката Јаневска исвиркана

Дождот во Скопје не ги спречи илјадниците студенти да се соберат на општествениот кампус на УКИМ за да изразат почит кон настраданите во трагедијата во Кочани, каде животот го загубија 59...

„Кој е следен?“ повика на јавен собир утре на плоштад Македонија во Скопје

Движењето и иницијативата „Кој е следен?“ ги повикува сите граѓани на јавен собир кој ќе се одржи утре на 18ти март на плоштадот Македонија во Скопје со почеток од...