Парното во Скопје поскапува од 14,18 до 16,31 проценти

-

Поскапува централното греење во Скопје. Регулаторната комисија за енергетика денеска соопшти дека од август годинава цената на парното за најголемиот дел од потрошувачите кои досега беа на мрежата на БЕГ, ќе се зголеми за 14,18 проценти. Парното од топланата Скопје Север ќе поскапи за 16,31 отсто, а топлинската енергија од Железара ќе биде поскапа за 15,5 отсто. Поскапувањето е резултат на новите цени на светскиот пазар на енергенси, особено поскапувањето на природниот гас, кој во земјава се увезува.

Како што информираше денеска првиот човек на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски, покачувањето на цените на затоплувањето во Скопје, за просечна сметка од 1.800 денари, ќе биде околу 250 денари. Ова, според него е многу подобар чекор, отколку производство на топлинска енергија со мазут.

„Се предвидува ТЕ-ТО да обезбеди 70 проценти од потребната топлинска енергија, а 30 проценти да се обезбедат од топланите. Доколку не се увезат потребните количини на природен гас за производство на топлинска енергија во ТЕ-ТО и топланите, тогаш сета потребна топлинска енергија за Скопје ќе мора да ја произведат топланите со користење на мазут. Тоа е многу неповолно од еколошки аспект, но и ризично доколку не се обезбедат потребните количини на мазут“, рече Бислимоски.

Тој посочи дека доколку ТЕ-ТО не работи и ако нема субвенции од државата, цената на парното би се зголемила за над 100 проценти, а скопјани би дишеле многу загаден воздух и би имале последици по здравјето. Бислимоски истакна дека цените на енергетските ресурси и намалените количини на природен гас што се увезуваат од Русија се проблем во сите земји во Европа, а природниот гас сега е десетина пати поскап отколку лани. Заради тоа, тиј апелираше до сите потрошувачи да штедат.

„Еден степен намалување на температурата овозможува заштеда на енергенс од околу пет проценти“, рече Бислимоски.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска на скопјани им порача да не се грижат бидејќи топлинската енергија до домаќинствата ќе биде испорачана навреме. Битиќи нагласи дека Владата го задолжила Генералниот секретаријат да распише процедура избор на нов економски оператор на топлинска енергија, а според Законот за енергетика, дотогаш БЕГ мора да ги исполнува своите обврски.

„Дали нов оператор ќе биде ЕСМ или некој друг не можеме да прејудицираме. И Градот Скопје има своја компанија, која како и било која друга може да се јави на повикот. Во овој момент е важно процесот да заврши навреме, транспарентно и без никакви правни недоречености“, рече Битиќи.

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...