fbpx
Таг: обвинувања

таг: обвинувања

ВМРО-ДПМНЕ: Селмани лаже дека сме поврзани со нападот на новинарите

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) дека „лаже и манипулира“ поврзувајќи ја партијата со нападот на новинарската екипа на „А1он“. „Насер Селмани молчеше и се криеше додека брутално се напаѓаа новинари, а дивите орди на СДСМ и на СОРОС демолираа цели медиуми како радиото 'Слободна Македонија'. Насер Селмани, исто како и Оливер Спасовски, цела година...

Јанева и Фетаи казнeти по 2.000 евра оти судијката Михајлова ја нарекоа „фалсификатор“

Судијката Татјана Михајлова денеска го прекина судското рочиште за случајот со насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, во кој се обвинетите поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и уште 15 лица, и ги казни по 2.000 евра обвинителките на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева и Фатиме Фетаи за „елементарно непочитување на судот“. Обвинителката Фетаи, откако...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го претвори СДСМ во промотор и во заштитник на криминалот

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и „злосторничкото здружение во раководството на партијата“ го претвориле СДСМ во „партија на подземјето и промотор и заштитник на сè што е незаконско и криминално“. - Заев и раководството на СДСМ се во близок контакт и соработка со криминалци како Захир Бекири-Чауш, кој им служеше за фалсификување пасоши и за банкарски...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наредува напади и се заканува на новинари што не ги контролира

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение го обвини СДСМ дека „криминалци“ од редовите на оваа партија наредуваат напади врз медиуми и им се закануваат на сите новинари што не се под контрола на СДСМ и на Сорос. „Нападната беше новинарката на телевизија „Сител“, Ивона Талевска, нападнат беше новинарот Јанко Илковски, нападнат беше Дејан Николовски, Антонио Димитриевски, Бобан Нонковиќ, нападната беше новинарската екипа на „Република“,...

Општина Центар: ВМРО-ДПМНЕ се чувствува загрозено од позитивниот рејтинг на Жерновски

Неоснованите обвинувања што ВМРО-ДПМНЕ ги искажа на денешната прес-конференција се само реакција на резултатите од последното истражување за задоволството на граѓаните од работата на локалната власт во Општина Центар, се вели во реакцијата на Општината на прес-конференцијата на Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека „анкетите јасно покажуваат дека 65 отсто од граѓаните на Центар се задоволни од работата на Жерновски“. „Ваквите...

Саркози се соочува со судење за нелегално финансирање на кампањата во 2012 година

Поранешниот претседател на Франција, Николас Сакрози, треба да седне на обвинитела клупа во судски процес против него за нелегално финансирање на неговата изборна кампања во 2012 година, пренесува „Би-би-си“, повикувајќи се на судски извори. Саркози се соочува со обвинение дека неговата партија ги фалсификувала сметките за да сокрие 22,5 милиони евра од трошоците за кампањата за претседателските избори во 2012...

Лавина барања за извинувања и деманти на тврдењата на Чилиманов и на СОС

Деманти на нападите и на обвинувањата изречени од новинарот Цветин Чилиманов и од Никола Србов, кои заедно со новинарот Ненад Мирчевски, во саботата на прес-конференција изрекоа многу обвинувања и клевети, продолжуваат да стасуваат до медиумите и попладнево. Уште шест невладини организации, НВО Инфоцентар, Младински културен центар - Битола, Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ – Велес, Центар за одржлив...

ВМРО-ДПМНЕ: Платениците на Сорос во Македонија и во САД по ист терк

„Невладината пешадија од граѓански сектор, киднапиран и злоупотребен од страна на Сорос во политички цели и за корист на СДСМ, и во Македонија и насекаде на планетата има ист начин на дејствување. Агресија, антидемократија и обиди за насилно уривање на власта избрана од мнозинството граѓани“, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение. Партијата обвинува дека СДСМ и Сорос се посветени и добро платени...

Вучиќ ја обвини Приштина за неуспехот на дијалогот и ги повика Србите да останат мирни

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ја обвини делегацијата на Косово за неуспехот на последната рунда од дијалогот во Брисел и по тој повод побара реакција од високата претставничка за надворешна и за безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини. Вучиќ ги повика Србите на Косово да останат мирни, да веруваат во својата држава и да не го напуштаат Косово,...

СДСМ: Трајановски ќе даде отчет за криминалот

„На граѓаните не им е потребен денешниот отчет на Трајановски. Тие ги живеат последиците од неговото неодговорно владеење“, порача СДСМ, реагирајќи на денешното излагање на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, за проектите реализирани или почнати во 2016 година. Партијата обвини дека Трајановски не направил ништо за заштита на здравјето на граѓаните, како и дека во многу делови нема елементарни услови...

Трамп ги обвини медиумите дека лажат за бројката на присутни луѓе на инаугурацијата

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги обвини медиумите дека се „нечесни“ околу проценките за бројот на луѓе што присуствувале на неговата инаугурација пред Капитол хил, јавува „Би-би-си“. Новиот претседател на САД реагирал на фотографиите објавени во медиумите, со кои се споредува бројот на граѓани што биле присутни на неговата и на инаугурацијата на претходниот претседател на САД, Барак Обама, во 2009...

Трамп им порача на вработените во ЦИА дека „илјада отсто“ стои зад нив

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера го посети седиштето на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) во Ленгли, Вирџинија, при што истакна дека целосно ја поддржува агенцијата и им порача на вработените дека е „со нив илјада отсто“. Според светските медиумите, обраќањето на Трамп во седиштето на ЦИА, на првиот ден по преземањето на должноста претседател, се толкува како негов обид да...

Проширени обвинувањата против Харадинај

Обвинителството за воени злосторства на Србија ги прошири обвинувањата против еден од поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово, Рамуш Харадинај, кој беше уапсен во Франција по налог на Србија која го товари за воени злосторства. Одлуката е донесена затоа што обвинителството дошло до нови докази. Се работи за собрани докази за одговорноста на Харадинај за воените злосторства на Косово, кои...

Новогодишен календар ги скара опозицијата и локалната власт во Општина Дебрца

Новогодишниот календар беше доволна причина за да се скараат опозицијата и локалната власт во Општина Дебрца, пишува порталот „Охрид њуз“. Опозицискиот СДСМ го обвини градоначаникот Игор Трајкоски дека се промовира во новогодишниот календар на Општина Дебрца. - На сите страници на календарот се ставени фотографии од градоначалникот, кој „забегано“ и во стилот на „народен водач и татко на општината ги прославува...

Вучиќ: Немам намера да одговорам на бесмислиците на омбудсманот

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека нема потреба да одговара на отвореното писмо што до него го упати народниот правобранител Саша Јанковиќ, со образложение дека „не сака да се осврнува на бесмислиците кои ги говорат политичарите“, алудирајќи притоа на српскиот омбудсман. „Јанковиќ е политичар, добар или лош, тоа ќе каже народот. Мислам дека лошото е во тоа што,...

Српскиот народен правобранител го обвини премиерот Вучиќ за поттикнување омраза

Српскиот народен правобранител Саша Јанковиќ денеска го обвини премиерот Александар Вучиќ за „поттикнување омраза и нетрпеливост“ поради вчерашната изјава на премиерот во која тој за омбудсманот и за уште неколку луѓе рече дека се „априори против државата и својот народ“. Во отвореното писмо на Јанковиќ до Вучиќ, народниот правобранител наведува дека Србија „заслужува повеќе и подобро од ваквиот начин на...

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева подобро да се кандидираше за носител на листа на СДСМ

Денешната прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство, на која беше презентиран случајот „Таргет“, за владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ е уште еден доказ дека Катица Јанева е продолжена рака на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и дека ја спроведува неговата намера „да ја редефинира и федерализира Република Македонија како бинационална држава и да ја обвини Македонија дека е виновна и за спорот...

Министерот за правда Џафери мртов ладен додека ресорот му го тресат скандали

Иако во најголемиот кривичен суд во земјава, Основниот суд Скопје 1, се случува циркус, а Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија нотира сериозни недостатоци во правосудниот систем и опструкции врз работата на Специјалното јавно обвинителство, најодговорниот за правосудниот систем во земјава, министерот за правда, е целосно отсутен од случувањата во неговиот ресор - го нема во јавноста и не се...

13 судии со писмо го обвинија Панчевски за злоупотреба на интернет-страницата

Тринаесет судии од Основниот суд Скопје 1 испратиле писмо до Судскиот совет, во кое реагираат и го обвинуваат претседателот на судот, Владимир Панчевски, дека ја злоупотребува официјалната интернет-страница на судот со објавување „лични постапувања и ставови за одреден судија“. Судиите реагираат на соопштението на Кривичниот суд од петокот минатата недела, во кое Панчевски информираше дека дал исказ во Основното јавно...

Меѓународен тим на ОН го обвини режимот на Асад за употреба на хемиско оружје

Силите на сирискиот режим во март минатата година извршиле и трет напад со хемиско оружје, било наведено во извештајот, кој меѓународен тим на експерти синоќа му го доставил на Советот за безбедност на Обединетите нации, јавува „Би-би-си“. Во доверливиот извештај, кој протекол во медиумите, било наведено дека има доволно докази дека сириските сили се одговорни за нападот со хемиско...

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...