Општина Центар: ВМРО-ДПМНЕ се чувствува загрозено од позитивниот рејтинг на Жерновски

Неоснованите обвинувања што ВМРО-ДПМНЕ ги искажа на денешната прес-конференција се само реакција на резултатите од последното истражување за задоволството на граѓаните од работата на локалната власт во Општина Центар, се вели во реакцијата на Општината на прес-конференцијата на Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека „анкетите јасно покажуваат дека 65 отсто од граѓаните на Центар се задоволни од работата на Жерновски“.

„Ваквите бројки се неоспорлив доказ кој се темели на реалноста, за разлика од обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ. Покрај задоволството од работата на Жерновски, истражувањата покажуваат и дека 73,5 отсто од граѓаните имаат доверба во локалната власт во Општина Центар, 63,4 проценти сметаат дека состојбата во општината е подобрена за време на мандатот на актуелното раководство, а речиси 58 отсто се задоволни од она што Општината го има направено во близината на нивните домови – се вели во реакцијата на Општината.