fbpx
Таг: ДИК

таг: ДИК

Ревизорите бараат учесниците на изборите до 4 ноември да достават извештај за трошоците во кампањата

На веб-страницата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) засега се објавени само седум извештаи, а до ревизорите најдоцна до 4 ноември сите учесници во изборната кампања треба да достават Извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборната кампања. Овој извештај до ревизорите треба да го покрие периодот од денот на отворањето на трансакциската сметка...

ВМРО-ДПМНЕ освои 20 градоначалници во вториот круг, СДСМ и ДУИ добија по седум градоначалници

Идентично како и во првиот круг од локалните избори, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и во вториот круг што се одржа денеска освои најголем број на градоначалнички места - во вкупно 20 општини. Според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ ги освои градоначалничките места во: Пехчево, Ново Село, Кочани, Василево, Конче, Радовиш, Македонска Каменица, Кратово, Ранковце, Гевгелија, Лозово, Зелениково, Брвеница,...

Даштевски: До 18:30 часот во вториот круг излезноста е 48,88 отсто

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски на прес-конференција информираше дека излезноста на гласачите до 18:30 часот изнесувала 48,88 отсто од вкупниот број на граѓани запишани во Избирачкиот список, односно 555.943 гласачи. Притоа, најголема излезност до 18:30 часот имало во општина Вевчани - 81,2 отсто гласале, а исто така во општините Росоман и Демир Капија имало излезност од над...

ДИК: До 17 часот излезноста е 42,44 отсто, за речиси 1,5 отсто поголема од првиот круг на изборите [инфографик]

Државната изборна комисија (ДИК) објави дека до 17 часот гласале 42,44 отсто од запишаните избирачи во Избирачкиот список на вториот круг од локалните избори во земјава. Во споредба со првиот круг, излезноста е зголемена за речиси 1,5 отсто во оние општини каде што се избира нов градоначалник во вториот круг. До 17 часот на гласање излегле 559.519 гласачи од...

До 11 часот во вториот круг гласале над 180.000 гласачи, речиси идентично како како во првиот круг [инфографик]

До 11 часот во вториот круг на Локалните избори гласале 183.666 граѓани, покажува веб-страницата на Државната изборна комисија. Бројот на гласачи до 11 часот е речиси идентичен со оној во првиот круг на изборите (184.275) со таа разлика што денеска гласаат вкупно 1,35 милион гласачи во 44 општини, а во првиот круг бројот на гласачи изнесуваше 1,82 милиони во...

На гласањето во недела, за важечки ливчиња ќе се сметаат само оние со печат од Избирачкиот одбор

Државната изборна комисија (ДИК) во период од само едно деноноќие се пишмани и ја промени одлуката што ја донесе вчера. На гласање за вториот круг од изборите во недела за важечки ливчиња сепак ќе се сметаат единствено оние, на кои имаат печат од Избирачкиот одбор, информираат од ДИК. „Ве известуваме дека на 35-та седница на ДИК беше донесена Одлуката за...

Вистиномер: Не е точно дека името на ДИК е испишано прво на албански, па на македонски јазик

На фотографијата прикажана во постот е претставен само половичен дел од паното позади членовите на Државната изборна комисија. Кога ќе се погледне целосната табла, се гледа дека од левата страна, најнапред на македонски јазик со кирилично писмо е испишано името на државната институција одговорна за спроведување на изборите, пишува „Вистиномер“ во анализата на една дезинформација. Текстот подолу го пренесуваме во...

Управниот суд ги поништи изборните резултати од две избирачки места во Дебар и Шуто Оризари

Тужбите на Алијансата на Албанците и Алтернатива за Дебар и на движењето Одлучно за промени за Шуто Оризари се прифатени од Управниот суд, што значи дека во недела во овие две општини ќе има прегласување за првиот круг на по едно избирачко место. Во општина Дебар, поништени се резултатите за избирачкото место бр.0543 за гласањето за членови на општински совет...

ДИК ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори, втор круг во 44 општини

Државната изборна комисија (ДИК) на јавна седница денеска ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори, што се одржа во неделата. Втор круг избори на 31 октомври, ќе има во 44 општини. Избрани градоначалници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се: Аеродром – Тимчо Муцунски Босилово – Ристо Манчев Бутел – Дарко Костовски Велес – Марко Колев Виница – Миле Петков Гази Баба – Бобан...

Досега поднесени 15 приговори до ДИК во однос на првиот круг од локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) до овој момент добила вкупно 15 приговори во однос на првиот круг од локалните избори. Два приговора од опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ се поднесени за прекршување на изборниот молк, додека останатите 13 приговори се однесуваат на постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите до Државната изборна комисија. Владејачката коалиција предводена...

Неважечките ливчиња побројни од освоените гласови на Алијанса и Алтернатива или независните листи

Волјата на граѓаните преточена во резултатите на локалните избори предизвика „земјотрес“ на политичката сцена. Но, има ли скриена порака која треба сериозно да ја разберат нашите политичари? Според синоќешните резултати за советничките листи во општините, без градот Скопје и без резултатите од околу 40 избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ освои 288.044 гласови, СДСМ 238.031, ДУИ 104.554, Алијанса за Албанците и Алтернатива 56.301,...

Во Карпош, во вториот круг ќе се натпреваруваат Душко Весковски и Стевчо Јакимовски

По маратонското пребројување на гласовите, на официјалната веб-страница страница на ДИК е објавено кои двајца кандидати ќе се спротивстават меѓусебно во вториот круг на локалните избори во општина Карпош. По преброени 99,86 отсто од гласовите, јасно е дека во вториот круг ќе оди Стевчо Јакимовски од ГРОМ како второрангиран, за кој вчера гласале 6.830 гласачи. Првопласиран во Карпош е Душко...

Поранешни членови на ДИК: „Фингерпринт“ методата не беше добро тестирана, па затоа се предизвика хаос на изборите

Поранешните членови на ДИК оценуваат дека „фингерпринт“ методата на гласање требало претходно да се тестира на различни места и ситуации, пред да се примени во првиот круг на локалните избори на 17 октомври. „Фингерпринт“ гласањето, вчера наиде на бројни технички проблеми во текот на процесот, што предизвика збрка во различни избирачки места и го продолжи времето на затворање на избирачките...

Во Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Охрид, Гостивар, Струга, Кочани и Гевгелија ќе има втор круг на 31 октомври

Во најголем дел од поголемите општини во земјава ќе се одржи втор круг од локалните избори на 31 октомври. Државната изборна комисија (ДИК) веќе ги преброи гласовите и резултатите покажуваат дека во поголемите населени места има тесна разлика меѓу најголемите политички партии. Врз основа на преброени 100 отсто од гласовите во Битола, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски освоил 42,83 отсто...

ЗНМ го осуди непрофесионалниот и омаловажувачки однос на Даштевски кон медиумите

Здружението на новинари на Македонија, ЗНМ, го осуди односот на претседателот на Државната изборна комисија, ДИК, Александар Даштевски кон новинарите. Како што велат од ЗНМ, претседателот Даштевски на попладневната прес-конфереција имаше непрофесионален и омаловажувачки однос кон новинарите кога се обидуваше да одговара на новинарски прашања. Тој наместо одговор на новинарско прашање во врска со најавата за продолжување на рокот за гласање,...

ДИК: Ќе се гласа до 19 часот и 30 минути

„Иако беше предвидено избирачките места да бидат затворени во 19 часот, изборниот процес продолжува се додека не гласаат граѓаните кои се затекнати во објектите за гласање, односно до 19 часот и 30 минути“, соопшти на прес-конференција ретседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. „До сега излегле 49,29 проценти од избирачите заклучно со 18 часот и 30 минути“, кажа Даштевски....

Даштевски: Лицата што ќе се затекнат во кругот на избирачките места ќе гласаат и по 19 часот

Поради застојот предизвикан од нефункционирање на некои од електронските читачи на отпечатоци од прст, Државната изборна комисија (ДИК), донела едногласна одлука секој што до 19 часот ќе биде во кругот на избирачкото место, вклучително и дворот на училиштата, градинките, или објектите во кои се врши гласањето, да може да го оствари своето гласачко право и по официјалниот крај на...

ДИК: Излезноста на гласачите до 13 часот е 20,76 проценти

Излезноста на гласачите до 13 часот е 20,76 отсто, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. Податоците се собрани од 2.519 гласачки места (72,39 отсто), а на гласање излегле 237.476 гласачи. Даштевски додаде дека на шест избирачки места се гласа на стариот начин со УВ ламба и со спреј, а на 11 места имало прекин повеќе од еден...

Излезноста до 11 часот е 10,22 проценти, велат од ДИК

Портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Љупка Гугучевска соопшти дека од вкупно обработени 2.544, односно 73,1 проценти од избирачките места, до 11 часот гласале вкупно 135.906 гласачи, односно 10,22 проценти. Општини со најголема излезност се Новаци каде што на гласање излегле 25,84 проценти, Крива Паланка со 20,44 проценти, Вевчани со 18,61 процент, Лозово со 17,51 процент, а најмала излезност има...

ДИК: Излезноста е 3,28 отсто, на некои гласачки места има проблеми со уредите за биометриска идентификација

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски на прес-конференција истакна дека според податоците кои пристигнале од 1.325 избирачки места до 9.30 часот вкупен број на избирачи кои гласале е 23.468 или 3,28 отсто. Според него, гласањето во најголем дел од нив се одвива непречено, но има пријавени потешкотии со биометриска проверка на секој одделен гласач. „Во одредени избирачки места, кои...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...